Контакт

Книги

Oбјавен романот „Броеница“ од грузиската писателка Тамта Мелашвили

Објавено пред

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Броеница“ од грузиската писателка Тамта Мелашвили, во превод од руски јазик на Ленче Тосева. Романот е преведен на неколку јазици и е награден со неколку книжевни награди.
„Броеница“ изразува протест против секоја војна, каде и да се води. Тамта Мелашвили во својот роман успева без експлозии и истрели, сурово и како гола вистина да го претстави најсуровиот лик – војната. Таа раскажува за болката со болка, за нежноста со нежност, за стравот со детскиот страв и доловува еден руиниран и расплакан живот полн со болка и страдање, но ги доловува и детската итрина и храброст.

dobivaj vesti na viber

Оваа згусната и преполна со емоции проза на Тамта Мелашвили, која е сведена само на стотина страници, покажува дека за впечатлива приказна не се потребни големи фабули, заплети и многу ликови. Раскажувањето во Брое¬ни¬ца е сведено на најпотребното и се одвива преку дијалогот на две тринаесетгодишни девојчиња, Нинцо и Кнапа (чиешто вистинско име е Кетевана) кои се неразделни другарки. Тие живеат во зафрлено грузиско село и нивниот тинејџерски свет и будењето на женственоста се соочени со слепата суровост на војната. Нивните дијалози се карактеризираат со директност и вистина, длабочина, наивност и со детска искреност, а преку нив се разоткриваат тешките депресивни и драматични слики на војната, но и целата нејзина трагичност и бесмисленост.

Тамта Мелашвили ( 1979) е родена во Грузија, а една година живеела во Германија, каде што од прва рака го искусила мигрантскиот живот и почнала да пишува за тоа. Во 2008 година дипломирала на Централниот европски универзитет во Будимпешта. Денес живее во Грузија и работи како истражувач и предавач на Државниот универзитет во Тбилиси. Таа е активист за правата на жените и експерт за родови прашања. Своите раскази најпрвин почнала да ги објавува на литературни веб-страници, а подоцна биле вклучени и во разни антологии.

Во 2010 година е објавена нејзината дебитантска книга Броеница која за многу кусо време постигна голем успех. Од тамошната критика романот беше оценет како „нов, многу карактеристичен глас“ и во 2011 година ја доби наградата „Саба“, највисоката литературна награда во Грузија. Веќе следната година, беше номиниран за „Најдобра книга“ од страна на независните издавачки куќи и влезе во изборот на десетте најдобри. Во 2013 година, романот ја доби Гер¬манската награда за литература за млади – Deutsche Jugendliteraturpreis. Во 2014 година, според романот беше поставена театарска претстава во Театарот Бремен, Германија. Досега романот е преведен на неколку јазици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

„Матица“ ја заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ со голема донација за Македонците во Албанија

Објавено пред

Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, издавачката куќа „Матица македонска“ денеска ќе ја заокружи иницијативата „Подари книга, подари свет“ по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги и во рамките на чествувањето на 35-годишнината од нејзиното основање.

dobivaj vesti na viber

-Клучни книги за македонската историја, студии за македонскиот јазик, избрани дела од дел од најзначајните македонски поети и прозаисти, дела од и за македонската книжевна историја, монографски изданија за македонската култура и антологии се само дел од донацијата на „Матица македонска“ за Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Друштвото е формирано во 2009 година со цел да се заштити македонското национално малцинство во Република Албанија и е првото друштво на Македонци надвор од матичната држава што е рамноправен член со право на глас во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија, соопшти „Матица“.

Издавачката куќа информира дека Македонско друштво „Илинден“ – Тирана упатува искрена благодарност за вредната донација со македонска литература.

-Оваа значајна иницијатива претставува силна поддршка и дополнителен поттик за зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик, култура и идентитет меѓу Македонците во Република Албанија. Со вакви дела на солидарност и соработка се зацврстуваат културните врски и се создаваат нови можности за понатамошна поддршка и заеднички активности. Гестот и заложбата на првата издавачка куќа во самостојна Македонија, Македонците од Албанија, вклучително и младите генерации да имаат можност да читаат и да се едуцираат на македонски јазик од вредни дела, притоа осознавајќи многу за македонскиот идентитет, е од суштинско значење за нас и за остварување на нашата цел, истакнува претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Во соопштението е наведено дека донацијата од „Матица македонска“ содржи изданија што ќе можат да ги опфатат сите предели каде што живее македонското национално малцинство во Албанија и каде што Македонкото друштво „Илинден“ има активности, вклучително и преку органокот во Голо Брдо.

-Оваа акција на првата издавачка куќа во самостојна Македонија се случува во клучен период на предизвици за македонското национално малцинство во Албанија, а непосредно откако Македонското друштво „Илинден“, на 6 февруари, одбележа 17 години постоење, соопшти издавачката куќа.

Во текот на изминатите недели, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, „Матица македонска“ донираше книги и за Друштвото на иселениците од Македонија „Егемакгоч“ во Измир, Турција,  за училиште во Света Недела, Хрватска, каде што се изучува македонскиот јазик, како и за Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

-Во ова Друштво, покрај иселеници Турци, кои иако отселени во 1957 година сѐ уште со гордост го зборуваат македонскиот јазик, членуваат и нивните потомци – до најмладите генерации родени таму во 21 век, коишто имаат желба да го научат и да зборуваат, читаат и пишуваат на јазикот на земјата од којашто потекнуваат – македонскиот, и љубовта кон него и кон Македонија да се пренесува од генерација на генерација. Само еден ден откако беше објавено дека во уште едно училиште во Хрватска, во градот Света Недела во близина на Самобор, ќе се изучуваат македонскиот јазик и култура, веќе се случи првата донација од Македонија за училиштето. „Матица македонска“ испрати голема донација од книги во Хрватска, за учениците што ќе го учат предметот Македонски јазик и култура во Света Недела. На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, заедно со „Алкалоид“, „Матица македонска’ донираше капитални дела за македонистиката на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана – првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија. Во пресрет на јубилејот 65 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот, оваа донација е и првата поддршка во ваков формат упатена од Македонија до љубљанската македонистичка катедра по овој повод, соопшти „Матица македонска“.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет31 минута

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 час

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет2 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет2 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија3 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет3 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет3 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет6 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија7 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет7 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет12 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет13 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија14 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет14 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет15 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет16 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...