Контакт

Култура

Почина британскиот актер Питер Воган

Објавено пред

 

Британскиот актер Питер Воган, најпознат по улогата во телевизиската серија „Игра на тронови“, почина на возраст од 93 години, објави во вторник неговата асистентка.

Воган ја играше улогата на слепиот Емон Таргеријан, во серијата на HBO.

Од самите актерски почетоци тумачел споредни улоги во бројни филмови, меѓу кои и господин Фримен во филмот „Жената на францускиот поручник Карел Реиз“ од 1980 година, како и во филмот на Џејм Ајвори од 1993 година, „На крајот на денот“ во кој го игра таткото на Ентони Хопкинс, што некои ја сметаат за негова најдобра улога.

Почина окружен со неговото семејство, рече неговата агенција Sally Long-Innes./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Бродвеј: Претставите се играат во септември, билетите во продажба

Објавено пред

Билетите за театарската сезона на Бродвеј на Менхетен, Њујорк, ќе бидат пуштени во продажба оваа недела, иако претставите ќе може да се играат само од 14 септември, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Тогаш на театрите ќе им биде дозволено да пополнат 100 проценти од капацитетот на публиката во нивните сали, како што истакна гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

„Бродвеј е голем дел од идентитетот и економијата на нашата земја, затоа сме воодушевени што конечно завесите повторно ќе се кренат“, напиша Куомо на „Твитер“.

Илјадници луѓе останаа без работа кога театрите во Бродвеј се затворија во март 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Владата на Њујорк планира кон крајот на месецов да ги укине повеќето ограничувања, односно забраните воведени поради коронавирусот, но на Бродвеј му треба повеќе време за проби, а на продуцентите им треба доволно време и за да ги рекламираат сите претстави.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Владите на Македонија и Франција потпишаа договор за зајакнување на филмската копродукција

Објавено пред

Република Северна Македонија и Франција потпишаа договор, кој се однесува на филмската копродукција помеѓу двете земји, а во кој надлежни институции се Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Францускиот националниот центар за кинематографија и анимирани слики.

„Во рамките на една посета на Париз, што се одржа на 23 февруари 2021, нашите двајца министри за надворешни работи потпишаа договор за копродукција во областа на филмот. Посакуван од страна на Македонската агенција за филм, овој договор претставува, пред сè, признание на македонската кинематографија, која е во полна обнова, а ја имаме денес таа среќа со нас да бидат двајца нејзини најголеми претставници“, се истакнува во писменото соопштение од француската амбасада во Македонија.

Ова, како што појаснуваат од таму, ќе значи дека една идна француско-македонска копродукција ќе може да побара поддршка во Франција исто како да е француски филм. Како што знаете, се истакнува во писмениот допис, Франција го има еден од најуспешните системи за поддршка на филмот.

Од таму додавааат дека веќе постои француско-македонска соработка во областа на филмот.

Сметам дека со овој договор условите се обединети за оваа соработка да се интензивира уште повеќе, а врз основа на овој договор да изградиме повеќе надеж за младите и блискост за граѓаните од нашите две земји. И моја желба е овој договор да биде што побргу инкубатор за едно идно француско-македонско ремек-дело“, изјави амбасадорот на Р. Франција во С. Македонија, Сирил Бомгартнер.

„Овој билатерален договор помеѓу македонската и француската влада за филмска копродукција е важен како да потпишете размена на играчи помеѓу македонската и бразилската фудбалска репрезентација. Франција е земја со најдолга и најбогата филмска историја и има огромна важност во европската и светската кинематографија. Македонскиот нов филмски бран, кој доживува успеси, со овој договор ќе може да ги прошири хоризонтите уште повеќе и да се отвори можност да се создаваат нови квалитетни филмски дела под услови поволни за двете страни“, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

„Уште кога почнавме да правиме филмови, сфативме дека единствениот начин да постоиме е да бидеме дел од европскиот систем и да не бидеме изолирани бидејќи убавината и богатството на филмската уметност е токму разновидноста. Уметноста и науката одат пред политиката, а овој договор е доказ за тоа. Истражував дека Франција веќе има потпишано ваков договор со Германија, со Италија, а фактот што на нашата мала Македонија ѝ е дадена ваква можност, преку која не само што може да се аплицира во француските филмски фондови, кои што се многу, но и француските филмови може да дојдат во Македонија, и тоа не само по0ради локациите, туку и поради човечкиот потенцијал: филмските креативци и работници, како и актерите“, изјави режисерката Теона С. Митевска.

„Ова е веројатно најголемиот формален исчекор на македонската кинематографија во нејзината скромна историја. Затоа што кога зборуваме за европски филм, во суштината на оваа кованица стои државата Франција. Не само заради браќата Лимиер, Жорж Мелијес, Трифо, Годар, Лук Бесо, туку затоа што Франција е креатор на европската културна политика, која дава рамноправна шанса на малите нации со големите, а овие вредности се втемелени од принципите на Француската Револуција.
Со овој договор влегуваме во битот, во суштината на европскиот филм, кој претставува критиката на општеството, слободата на изразувањето, како и културната диверзификација. Среќен сум поради можноста да соработуваме со француски продуценти, со француски автори, бидејќи копродукција не значи само размена на пари, туку значи размена на креативен потенцијал“, изјави Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Струмица е град на културата за оваа година

Објавено пред

Општина Струмица оваа година ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура.

На конкурсот биле пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар.

По разгледувањето на петте пристигнати апликации, во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата содржани во конкурсот, стручната комисија, составена од вработени во Министерството за култура, оцени дека сите пријави имаат солидно конципирана програмска содржина и внимателно дефиниран буџет и предложи со богатата и разновидна програма и со буџетот проектиран со висок процент на самофинансирање Струмица да биде општинaта што оваа година ќе биде организатор на оваа значајна манифестација.

По тој повод, денеска, министерката за култура Ирена Стефоска, заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, потпишаа договор за финансирање на манифестацијата „Град на културата“.

„Општина Струмица во доставената апликација нуди квалитетна и богата културна програма со содржини од сите дејности на културата. Сите настани што ќе бидат дел од оваа манифестација се внимателно конципирани да го задоволат вкусот на сите посетители од сите возрасти. Граѓаните на Струмица и сите љубители на културата и уметноста ќе може да проследат многубројни активности од разни жанрови и со разновидна естетика, проекти преку кои се негува и традиционалното, но и современото творештво, а предвидено е учество на релевантни домашни и странски уметници. Општина Струмица ќе стави во функција многубројни инфраструктурни и човечки капацитети со што ќе овозможи богата културна содржина во текот на целата година“, посочуваат од Министерството за култура.

Од таму појаснуваат дека како особено важен сегмент во изборот на Општина Струмица е посочен и фактот што од вкупниот предвиден буџет за реализација на програмата во висина од 15 милиони и 150 илјади денари, од Министерството за култура е побарано само 2 милион и деветстотини и седумдесет илјади денари, што претставува 19,6 проценти од вкупно предвидениот буџет. Со тоа, од страна на Општина Струмица ќе бидат покриени преостанатите финаниски средства во висина од 80,4 проценти, со што во споредба со преостанатите поднесени пријави Општина Струмица ќе учествува со најголем процент со сопствени финаниски средства за реализација на програмата, велат од оваа институција.

Во изработката на апликацијата биле вклучени сите установи од областа на културата во Струмица: Завод и музеј Струмица, Центарот за култура „Антон Панов“, библиотеката „Благоја Јанков – Мучето“, во координација со Општината.

Министерката Стефоска посочи дека да се биде носител на манифестацијата „Град на културата“ е навистина голема привилегија, но и одговорност. Таа изрази задоволство што сите пристигнати апликации покажале сериозна посветеност во изработката на програмите, но и одговорност и реални процени во буџетските барања за финсирање на проектите. Посака успешна реализација на сите зацртани активности со што годинава драстично ќе биде зголемена културната понуда во Струмица. Беше посочено дека планираните активности од програмата ќе се реализираат во согласност со донесените одлуки за мерки за спречување внесување и ширење Ковид-19, во кои се содржани протоколите за работа на установите од областа на културата и другите правни и физички лица од областа на културата.

Манифестацијата „Град на културата“, иницирана од Министерството за култура, прифатена и поддржана од општините во државата, почна да се реализира во 2004 година и од тогаш континуирано општините учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на многубројни јавни настани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион4 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт5 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ8 часа

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија9 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија9 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија11 час

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ13 часа

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија13 часа

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет13 часа

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија14 часа

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија1 ден

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија1 ден

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија1 ден

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија1 ден

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 ден

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 ден

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија1 ден

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија2 дена

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Досие