Контакт

Филм

Објавен трејлерот за четвртата сезона на „Шерлок“

Објавено пред

Телевизискиот канал BBC го објави трејлерот од четвртата сезона од серијалот „Шерлок“.

Првата епизода ќе се појави на 1-ви јануари 2017 година, којашто ќе може да се види на кабелските канали во САД.

Уште две серии од четвртата сезона ќе бидат емитувани истовремено во целиот свет на 8-ми и на 15-ти јануари

Според авторите, ги очекуваат „сосема неочекувани заплети и пресврти“, а во целата оваа сезона ќе биде „најмистериозната, мрачна, па дури и застрашувачка“./крај/мф/сн

 

Култура

Доделени наградите на фестивалот за краток филм „Филмај“

Објавено пред

Објавени се добитниците на наградите од конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021“ – Куманово.  Трочленото жири во состав: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф) одлучи да ги додели следниве награди:

– награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија за Azadeh Moussavi за режирање на филмот ‘The Visit’ (Иран).

– награда `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија за Pieter-Jan Claessens за неговата работа во филмот `Da Yie` (Гана).

– награда `Козјак` за најдобро сценарио за Ali Asgari и Farnoosh Samadi за филмот `Witness` (Иран).

– награда за најдобар домашен (македонски) филм за `Неонски срца` (режија: Ана Јакимска).

Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот.

Со оглед на моменталните безбедносни и здравствени услови, фестивалската вечер (првично замислена да се случи при крај на мај) е планирана да се случи во септември 2021.

Оваа одлука е заснована на искрена желба и страст на организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала.

Прикажи повеќе...

Култура

„Зоки Поки“ ќе се гледа и во Србија на „РТС“

Објавено пред

По Скандинавија, македонската ТВ-серија за деца „Зоки Поки“ почнува да ги освојува и соседите на Балканот. Десетте епизоди од првата сезона ќе се емитуваат на националната телевизија во Србија, „РТС“.

„Зоки Поки“ премиерно се емитуваше на првата програма на нашиот јавен сервис „МРТВ“ во периодот од мај до јуни 2020 година. Речиси беше најавено емитувањето на серијата и низ цела Скандинавија, односно на националните телевизии „SVT“ во Шведска, „NRK“ во Норвешка, „DR“ во Данска и „YLE“ во Финска.

Емитувањето на овие значајни национални телевизии во Скандинавија и соседна Србија е достигнување кое е од историско значење за македонската кинематографија. Но, и покрај големиот меѓународен успех, снимањето на втората сезона е сè уште во неизвесност.

„Се радувам што серијата ќе се прикажува и во Србија. Голем е предизвикот Зоки Поки да се емитува на ʻРТСʼ која негува висок квалитет на продукција, особено во последните години кога во оваа држава има експанзија на производство на голем број квалитетни серии. Со нетрпение ја очекувам реакцијата на децата од соседна Србија“, вели продуцентот на серијата Роберт Насков.

Модерната екранизација на популарната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба.

Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска, а режисери на епизодите Марија Апчевска, Александар Поповски, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.

Прикажи повеќе...

Култура

Речиси 60 основци од Македонија дел од младото жири за избор на најдобар европски филм за млада публика

Објавено пред

Од утре па до недела 60-ина деца од неколку основни училишта од Македонија, на возраст од 12 до 14 години, седми пат ќе бидат во улога на жири-комисија за избор на најдобар европски филм за млада публика.

Поради актуелната ситуација, и оваа година целиот процес ќе се одвива онлајн на веб-платформата на EFA Young Audience Award, а основците филмовите ќе може да ги гледаат со превод на македонски јазик.

По проследувањето на филмовите, учесниците, како дел од европското жири, ќе го дадат својот глас за трите номинирани филма: Pinocchio, The crossing и Wolfwalkers и ќе го изберат својот фаворит.

Во рамките на денот за оценување/гласање основците ќе имаат можност директно да се запознаат со режисерите и актерите на филмовите, како и да разговараат и да ги споделат своите импресии со своите врсници – членови на жирито од 37 земји од Европа преку платформата International Chat Booth – Hello Europe.

По сумирањето на резултатите од сите 38 земји од Европа, в недела, 25 април, во 19 часот, комплетно онлајн на веб-страницата на Young Audience Award (https://yaa.europeanfilmawards.eu) ќе се одржи церемонијата за доделување на наградата за најдобар филм од млада публика.

Оригинални наслови на филмовите, режија, продукција:

PINOCCHIO на Матео Гароне (италијанско-француско-британска копродукција), 2019

THE CROSSING (FLUKTEN OVER GRENSEN) на Јохане Хелгеланд (норвешка продукција), 2020

WOLFWALKERS на Том Мур и Рос Стјуарт (ирско-луксембуршко-француска копродукција), 2020

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет4 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион5 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ6 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија6 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија6 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија7 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет7 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија8 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет10 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет21 час

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион22 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт24 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ1 ден

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија1 ден

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија1 ден

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Досие