Контакт

Актуелно

Поетско-музички рецитал во чест на Стела Слејанска Стојаноска

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во среда, со почеток во 18.30 часот, во конгресната сала на фондацијата „Никола Кљусев“ ќе се одржи поетско-музички рецитал во чест на Стела Слејанска Стојаноска, еден од доајените и стожерите на македонската пијанистичка уметност и истакнат универзитетски професор – пропагатор на современиот звук во македонскиот културен простор.

Во програмата на овој настан, со којшто се продолжува традицијата во текот на декември – месецот на нејзиното раѓање, да се одржува настан во нејзина чест, годинава ќе настапат: актерот Мите Грозданов, поетите Михаил Ренџов, Ристо Лазаров, Ефтим Клетников, Горан Анчевски и Иван Антоновски, пијанистите Александар Манев и Христо Стојаноски и Вариса Хајдарпашиќ (сопран).

Слејанска Стојаноска беше пијанист – неразделен другар со книгата. Во целото културно богатство, таа се движеше како вистински познавач, со поглед на широк дијапазон, особено на музиката и поезијата. Ги поседуваше речиси сите дарби, да навлезе во суштината на сите уметности, театарот, книжевноста, сликарството и пошироко во сите сценски уметности. Учествуваше во многу поетски рецитали како пијано придружба и музичко оформување на театарски претстави и телевизиски емисии. Тоа беше нејзина препознатлива особина. Оттаму, годинава, токму затоа, за првпат, традиционалниот настан во нејзина чест е спој на музиката и поезијата и ги обединува оние за коишто таа, неретко велеше дека се „миленици на Бога“./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Мелони денеска е кај Трамп: Ова е можеби единствената шанса на ЕУ

Во текот на денешниот состанок во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд...

Македонија44 минути

Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до...

Европа60 минути

Русите го нападнаа Днепар со дронови: двајца загинати, меѓу повредените и деца

Русија синоќа изврши масовен напад со дрон врз градот Днепар во југоисточна Украина, при што загинаа две лица. Серхиј Лисак,...

Свет2 часа

Израел: Ќе ги задржиме безбедносните зони во Газа и по војната

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа...

Македонија14 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија16 часа

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија19 часа

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија19 часа

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија19 часа

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија20 часа

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија21 час

Одложено рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено. Судењето е одложено поради...

Топ21 час

Возел пијан и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Доцна синоќа во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полицијата го приведе 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение...

Македонија23 часа

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет24 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа1 ден

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија1 ден

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет1 ден

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет1 ден

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија1 ден

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија2 дена

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....