Контакт

Изложби

Погледнете ги прекрасните дела на победниците од Trash for art 2016

Објавено пред

 

Прекрасни дела како риба од капачиња, елка од катрон и пластични шишиња, икона од обвивки од цигари и други се победници на овогодинешниот награден конкурс на уметнички дела од амбалажен отпад во кој беа избрани победниците во категориите градинки, основни училишта и поединци и останати институции.

Во категоријата градинки, прво место и парична награда од 30.000 денари свои ЈУДГ „Буба Мара“ од Скопје со делото „Новогодишна елка“, а второто место му припадна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија кои освоија парична награда од 20.000 денари за делото „Девојче“.

Во категоријата училишта прво место и парична награда од 30.000 денари освои ОУ „Мирче Ацев“ од Скопје за делото „Златна рипка“, второто место го освои ОУ „Кочо Рацин“ од Скопје со делото „Цвеќе“ за кое доби парична награда од 20.000 денари. Третото место го делеа ОУ „Братство Единство“ од Охрид и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје кои освоија по 10.000 денари за своите дела „Фустан Виножитка“, односно „Снешко“.

Во категоријата поединци првото место и припадна на Магдалена Нунеска за делото „Икона Св. Никола“ за кое доби парична награда од 30.000 денари. Второто место му припадна на Максим Димитров за делото „Орел“ за кое освои парична награда од 20.000 денари и третото место и 10.000 денари освои Јован Максимоски за делото „Авион“.

„Задоволни сме што и оваа година имавме одличен одзив на креативци, лица со магични раце и вештини за обработка и добивме импресивни творби од картон, лименки, пластични и стаклени шишиња, капачиња, конзерви и друг амбалажен отпад од кеси и обвивки. Очигледно е дека делата произлегуваат од страста и од желбата да се креира нешто корисно од отпадот, но и да се демонстрираат вештините и способностите на овие талентирани еколошки-ангажирани уметници што очигледно вложиле многу труд и посветеност во изработката. Им честитам на сите победници и им благодарам на сите учесници за одзивот и за придонесот во овој убав и корисен награден конкурс“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Пакомак, со организацијата на наградниот конкурс Trash for art 2016 веќе шестта година по ред сака да ги охрабри уметниците да користат амбалажен отпад во својата уметност и со тоа да ги освестат останатите, поттикнувајќи ги на размислување како на креативен начин можат нешто старо и искористено да го претворат во нешто сосема поинакво, ставајќи го отпадот во контекст на уметноста.
Делата од Trash for art 2016 освен што во себе носат сторија за нашите обичаи и практики како општество, ќе останат како важни обележја и чувари на животната средина./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Во Музејот на современата уметност се отвора изложбата „Голем формат II“

Објавено пред

Изложбата „Голем формат II“ oд колекцијата на Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена за посетители од утре (вторник) и ќе трае до почетокот на јуни.

На изложбата се претставени дела од девет автори со уметнички дела во голем формат (слики, инсталации и скулптури). Селекцијата на дела од колекцијата на МСУ ја направи кустосот Благоја Варошанец. Во третата изложбена галерија на Музејот изложени се дела од Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.

„Голем формат II“ е изложба на дела од колекцијата од македонски и странски автори, која се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот.

„Како го перципираме форматот во уметноста? Огромен пластичен сладолед, огромни кучиња од бaлони, долги ролни од насликани платна или едноставно зголемени фотопортрети насликани на згради во целиот свет, се некои од примерите каде што димензијата во изразот е доминантен елемент во естетиката на уметничките дела. Форматот се однесува на големината на објектот во однос на друг објект и не ретко може да биде еден од принципите на организација на визуелните и структурните елементи во уметноста. Форматот во уметноста не се однесува само на големината на уметничкото дело, туку е релационен принцип за односот кон предметите или односот кон човечкото тело. Релациската естетика стои во основата на уметничко дело, а корпореалноста или просторната компонента може да се сметаат како мерки што го дефинираат или се во сооднос со големината или перцепцијата на делото“, истакнува Варошанец.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Носталгија“ – изложба на графики од Иван Мегленов

Објавено пред

На 5 мај во галеријата во МКЦ ќе се отвори изложбата „Носталгија“ на Иван Мегленов.

Изложбата „Носталгија“ e составена од серијал ситопечат графики, кои се интерпретација на спомените на авторот, артефакти од блиското минато, чија функционалност е излишна или заборавена, но имаат оставено трага врз нас од голема емоционална вредност. Графиките ја прикажуваат емотивната врска со сеќавањата на детството и раната младост на авторот. Стилот на нивната изработка потсетува на едно убаво поминато време и буди носталгија по него.

Иван Мегленов е роден во Скопје на 7 август 1996 година, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2019 година на отсекот графика, паралелно студирајќи на Академијата за визуелни уметности при Џолев и уметностите, каде што ја стекнува дипломата најперспективен студент. Денес е дел од тимот на „Сеавус едукативен и развоен центар“, со 3 години работно искуство како графички дизајнер.

Изложбата ќе трае до 18 мај.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворена изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на ДЛУМ

Објавено пред

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура, денеска ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје којашто љубителите на уметноста ќе може да ја разгледаат до крајот на месецов, секој работен ден од 9 до 17 часот.

Изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.

Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците.

Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или пак излегување од медиумот на дводеимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, интерпретација на дилемата или пак решението како краен резултат.

На изложбата учество земаа 31 автор од членството на ДЛУМ: Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Ќешкец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ, Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска.

На изложбата беше доделена наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија10 часа

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет11 час

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет12 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија15 часа

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија16 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија17 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија18 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа20 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет22 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет22 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет23 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија2 дена

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија2 дена

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет2 дена

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија2 дена

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија2 дена

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет2 дена

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Досие