Контакт

Култура

Три златни медали за женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“

Објавено пред

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под раководство на Летка Димовска – Полизова освои три златни медали и стана светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“ на престижните „Светски хорски игри“  кои  од 6 до 16 јули се одржаа во Сочи, Руска Федерација.

dobivaj vesti na viber

Македонските претставници освоија златни медали во категориите духовна музика и фолкор, како и златен медал во категоријата на женски камерни хорови. Со поддршка од Министерството за култура, Хорот „Св. Злата Мегленска“, како единствен претставник од Република Македонија, учествуваше на 9-тите. Светски хорски игри, каде се претставија над 280 хорови од  36 земји од целиот свет, кои се натпреваруваа во 28 различни категории.Настапот на Светските хорски игри „Сочи 2016“, или познати како Хорска олимпијада, претставува најголем предизвик  за сите хорови кои на задоволство  на публиката и ја понудија   културата на земјата од каде доаѓаат  во целиот нејзин традиционален раскош низ црковната, световната и фолклорната хорска музика.   Пред две години женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ настапи на светските хорски игри кои се одржаа во Рига каде освоија две златни и еден сребрен медал. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почнаа пробите за претставата „Ангели во Америка“ (дел I) во МНТ

Објавено пред

Во просториите на Македонскиот народен театар, во тек се пробите за театарската претстава „Ангели во Америка“ (дел I) од Тони Кушнер, во режија, превод и кореографија на Филип Петковски; продуцент: Петар Антевски, сценограф: Мартин Манев, костимограф: Антонија Гугинска-Јорданоска, асистент на режисерот: Антонија Белазелковска.

dobivaj vesti na viber

Претставата се реализира како копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“ – Скопје.

Процесот на работа на претставата ќе се одвива во текот на април и мај 2025 година, а нејзината премиера се очекува на крајот на мај. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Наталија Теодосиева, Дамјан Цветановски, Стефан Спасов, Александар Стоименовски, Илин Јовановски и Нела Павловска.

„Ангели во Америка“ е едно од најзначајните драмски дела на современиот американски театар, кое низ два дела ги прикажува животот, политиката и идентитетот во САД во 1980-тите, во времето на СИДА-кризата и на конзервативниот политички подем. Преводот, адаптацијата и сценската поставка се очекува да понудат современо и релевантно читање на ова моќно дело во македонски контекст.

Со оваа продукција, МНТ и „Пресврт“ ја продолжуваат својата мисија за донесување актуелни, предизвикувачки и уметнички силни проекти на македонската сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Поетско читање во Њујорк

Објавено пред

Минатата недела со поетско читање на македонски и англиски јазик во преполната сала, дел од Њујоршката јавна библиотека (New York Public Library) во Њујорк, Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски салон во рамките на Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival) кој се одржува од 14-ти до 30-ти април во салите на Њујоршката јавна библиотека.

dobivaj vesti na viber

На сцената пред околу сто и педесет присутни гости, Никола Маџиров настапи заедно со американската џез композиторка, пејачка и мултиинструменталистка Бека Стивенс, двапати номинирана за музичката награда Греми и редовна соработничка на современиот музички гениј Џејкоб Колиер — шесткратен добитник на Греми, на американскиот џез состав „Снарки Папи“ — добитници на пет Греми награди, како и на рок-легендата Дејвид Крозби — членот и основач на „Крозби, Стилс, Неш &“Јанг.

Бека Стивенс, заедно со лидерот на „Снарки Папи“ — Мајк Лиг, веќе компонираа песна според стиховите од песната „Окото“ (The Eye) на Никола Маџиров, која таа ја исполни на отворањето на Поетскиот салон во Њујорк, а истата вечер премиерно ја изведе и нејзината нова композиција „Ние немаме сон“ (We Have No Sleep) според истоимената песна на Маџиров.

Оваа композиција ќе се најде на еден од следните албуми на Бека Стивенс. По заедничкиот поетско-музички перформанс, следуваше разговор на Маџиров со аргентинскиот поет-полиглот, универзитетски професор и преведувач на Песоа и Пизарник — Патрицио Ферари. Настанот беше во организација на „Њујорк Паблик Лајбрери“ и „Лајмлајт Поетри“ од Њујорк.

Според стиховите на Маџиров веќе имаат компонирано американската композиторка и добитничка на Пулицеровата награда за современа опера — Дујун, американскиот авангарден џез композитор и соработник на Бјорк и Лу Рид — Оливер Лејк, македонскиот пијанист и џез композитор — Гордан Спасовски, како и композитори на џез, опера и класична музика од Германија, Италија, Литванија, Естонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Неколкудневна турнеја на Театар Провокација низ регионот со „Земја на штркови“

Објавено пред

Театар Провокација ја најавува својата неколкудневна турнеја низ регионот, со претставата „Земја на штркови“, која започнува на 13-ти мај, со учеството на фестивалот „Друмеви театрални празници“ во Шумен, Р. Бугарија, по кое следуваат и гостувањата во Србија (од 15.05 до 18.05) низ градовите: Белград, Вршац и Панчево.

dobivaj vesti na viber

Претставата „Земја на штркови“ отворено зборува за големиот бран на иселување на македонците во последниве неколку години и за очајната потреба од системски промени, како главна причина за заминување на младите во поразвиените земји.

Скопската публика оваа претстава ќе може да ја погледне во среда, 23-ти април во МКЦ со почеток од 20:00.

Во претставта играат: Мирјана П.Ристов, Радо Алексовски, И.Јакимова и Р. Ристов. Текстот е работен по мотиви од „Топлината во ноември„ од Јана Добрева, костимите се на Елена Лука, автори на музиката е на Оливер Јосифовски и Давор Јордановски, вокалот е на Вера Милошебвска – Љубојна, сценските движења на Кренаре Невзати а адаптацијата на текстот, сценографијата и режијата се на Роберт Ристов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Бизнисменот Асмир Јахоски нуди еден милион евра гаранција да излезе од притвор

Бизнисменот Асмир Јахоски понудил еден милион евра гаранција за да излезе од притвор. Тој е осомничен за перење пари. Обвинителството...

Македонија2 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија3 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија5 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет6 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ6 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа6 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија7 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет8 часа

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет9 часа

„Харвард“ ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија10 часа

На Табановце и на Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа17 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет17 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет17 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа18 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа18 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа24 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија1 ден

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа1 ден

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...