Македонија
Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра
Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер од 113 илјади евра. За овие пари агенцијата треба да го обезбедува Археолошкиот музеј на Македонија за период од една година. СГС била единствената фирма што се пријавила на тендерот, каде што услов за да се добие била најниската понудена цена.
Минатиот месец СГС доби уште тендер – за обезбедување на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија – од речиси 24 илјади евра. СГС ги обезбедува и Агенцијата за електронски комуникации, основните училишта и детските градинки во општина Аеродром, Општата болница во Велес.
Најголемиот договор е склучен со Агенцијата за електронски комуникации, кој изнесува 287 илјади евра.
Агенцијата за обезбедување СГС се појави на пазарот во 2010 година и набргу почна да ги потиснува другите агенции и да ги добива најголемите државни тендери за обезбедување клучни објекти, од кои голем број од проектот „Скопје 2014“. Иако зад агенцијата формално не стоеше ниту едно звучно име, во медиумите таа се поврзуваше со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој сега е во домашен притвор за случајот „Империја“.
Од прислушуваните аудиоснимки на тогашната опозициска партија СДСМ стана јасно дека Мијалков се крие зад СГС и дека договара нови вработувања, одлучува кој ќе биде ангажиран во агенцијата и договара државни тендери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи
ЈСП Скопје извести дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи.
Со оглед на тоа што денот кога се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори е прогласен за неработен за сите граѓани, и автобусите од градскиот јавез превоз ќе сообраќаат по скратен, односно неделен возен ред.
Воедно, жичницата од Средно Водно во врвот Крстовар нема да работи.
Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат само две, на Транспортен Центар и Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура од четврток ќе биде во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.