Македонија
Агим Нухиу професионално ќе го води МВР
Досегашниот заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, од четврток ќе го води министерствотот за внатрешни работи, до формирање нова Влада, а должноста ја презеде од досегашниот министер Оливер Спасовски.
„За овој период пред пошироката јавност изјавувам дека ќе се залагам за негување на професионализмот, почитување на уставните вредности и суштинските стандарди во рамките на нашите надлежности како во областа на државната безбедност така и во јавната безбедност. Ќе се почитуваат сите подкултури на хетерогените структури во МВР но тие неопходно треба да бидат комплементарни со институционалната хиерархија внатре во МВР“, рече Нухиу.
Тој рече дека смета оти полицијата има потреба од почит и поддршка од сите заедници кои живеат во земјата со цел извршување на нејзините задачи согласно меѓународно признатите универзални вредности.
„Им гарантирам на сите граѓани на Македонија дека секој ќе се соочи со законот доколку се спротивставува на истиот. Никој не е над законот. Имено, полициските дејствија и акции без целосна транспарентност, без колегијалност и вон принципите на објективност и легалитет ќе се казнуваат на најсуров начин“, додаде Нухиу.
Тој се заблагодари на Спасовски за коректната соработка и колегијалност за периодот кога заедно раководеа со оваа институција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

