Македонија
Иванов помилува 54 лица за Нова година, меѓу кои и Панде Лазаров и Весна Николиќ
По повод Нова година, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов помилува 54 осудени лица.
Според Одлуката на Претседателот, од натамошно извршување на казната затвор делумно се ослободуваат 54 осудени лица. Меѓу нив се имињата на поранешниот директор на ЕСМ Панде Лазаров, кој беше осуден на петгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба, потоа Ѓорѓи Топаловски, кој беше осуден на осум години затвор за убиството што го извршил во 2007 година кај Зоолошката градина во Скопје, Весна Николиќ, која беше осудена на 10 години за аферата „Фиком“, Мариче Пецова, која со првостепената пресуда беше осудена на 11 години затвор за случајот „Керозин“, Флорим Малоку од Косово, осуден на осум години казна затвор за грабеж на Прокредит банка, како и Столе Трпевски кој за случајот „Детонатор“ беше осуден на казна затвор од една година и три месеци.
Во Одлуката, Претседателот се повикува на членот 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија, во кој се пропишува дека Претседателот дава помилување во согласност со закон, и на членот 1 од Законот за помилување, во кој се пропишува дека Претседателот на Република Македонија дава помилување на поименично определени лица за кривични дела предвидени со закони на Република Македонија, во согласност со одредбите на Кривичниот закон и одредбите од Законот за помилување.
Делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор осудените лица:
ЗОРАН НАСТЕ ЗДРАВКОВСКИ од Скопје, вo траење од 3 месеци
БЕРАТ ЈАКУП ЈАКУПИ од Скопје, во траење од 6 месеци
БЕКИМ ЗЕКИРИЈА ЈАХИЈА од Скопје, во траење од 6 месеци
ПАНДЕ НИКОЛА ЛАЗАРОВ од Скопје, во траење од 6 месеци
СИНИША ДАНЕ СПАСИЌ од с.Иванковци, во траење од 3 месеци
ИЛИЈА ЉУПЧО НАСТОВ од Кавадарци, во траење од 6 месеци
САШО МОМЧИЛО СТОИЛКОВСКИ од Скопје, во траење од 3 месеци
ЕНИС АКИФ ЏАФЕРОВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
АЛЕКСАНДАР РАДЕ ДИМИТРОВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
ИСНИ САДИК ЈАКУПИ од с.Паничари, Скопје, во траење од 6 месеци
ИЛЧО ЉУПЧО СПАСЕНОВСКИ од с.Глоѓи, Тетово, во траење од 6 месеци
ЗЛАТКО ДИМИТРИЈА ЃЕРАСИМОВСКИ од Скопје, во траење од 4 месеци
МАРИЧЕ НИКОЛА ПЕЦОВА од Неготино, во траење од 6 месеци
ВЕСНА СЛАВКО СТАЛЕВСКА НИКОЛИЌ од Скопје, во траење од 6 месеци
МИРЈАНА ИЛИЈА РИСТЕСКА ТРАЈКОВА од Охрид, во траење од 6 месеци
ВАЛЕНТИНА ЗЕФ МЕСУЛИ од Тетово, во траење од 3 месеци
АХМЕТ АРИФ АРИФИ од с.Копаница, Скопје, во траење од 6 месеци
БУРХАН ЌАНИ ТУША од с.Блаце, во траење од 6 месеци
СЕФЕДИН ВЕБИ РАМАДАНИ од Скопје, во траење од 6 месеци
САБИТ МУАМЕТ ДУРАКУ од с.Рашче, Скопје, во траење од 3 месеци
ОЛИВЕР БРАНКО СТАНКОВСКИ од Куманово, во траење од 4 месеци
ЏЕМАЛ ФАДИЉ МЈАКИ од Скопје, во траење од 3 месеци
ЗЛАТКО БЛАГОЈА РИСТЕСКИ од Прилеп, во траење од 6 месеци
ИРФАН АБДУЛБАРИ ИДРИЗИ од с.Џепчиште, Тетово, во траење од 6 месеци
НУХИЈА СЕЛАМ ЏЕМАЉЕДИН од Тетово, во траење од 6 месеци
НУРЕДИН ЏАФЕР НУРЕДИНИ од Скопје, во траење од 6 месеци
СЛАВЧО ЛУЈЗА МИШКОВ од Велес, во траење од 6 месеци
ДЕМИР ФАЗЛИ МЕМЕД од Скопје, во траење од 1 година
ФЛОРИМ МУСЛИ МАЛОКУ од Приштина, Република Косово, во траење од 1 година
ЃОРЃИ ВАСИЛ ТОПАЛОВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
БЛАГОЈ ЈОВАН КОЦЕВ од с.Пиперево, Струмица, во траење од 3 месеци
САШКО МИРКО НИКОЛОВСКИ од с.Драмче, Делчево, во траење од 3 месеци
ПЕТРЕ БОРИС ВАСКОВ од Штип, во траење од 6 месеци
АЛЕКСАНДАР ВАНГЕЛ ДЕРЕБАНОВ од Охрид, во траење од 2 месеци
МЕДИН АСТРИТ КАБА од с.Велешта, во траење од 3 месеци
ИГОР СЛОБОДАН ЛАЗАРЕСКИ од Струга, во траење од 3 месеци
НИКОЛА РИСТО ЛАЗАРЕВСКИ од Битола, во траење од 3 месеци
ВАСИЛ ВЛАДО ЛАЗАРОВ од с.Прдејци, во траење од 3 месеци
МИОДРАГ ВОЈО ПЕТРУШЕВСКИ од Куманово, во траење од 3 месеци
АВДУЛА ЕСАТ АЗИЗИ од Куманово, во траење од 3 месеци
АЛИ ФАЗЛИ КАДРИЈА од с.Никуштак, во траење од 3 месеци
ЈАШАР ЕДИС БЕЈРАТ од Штип, во траење од 3 месеци
ЕНЕС ЌЕНАН САБЕДИН од Скопје, во траење од 6 месеци
РИСТО СТОЈАН ТИМОВ од Прилеп, во траење од 6 месеци
ЉУБИША ПЕТАР ТАСЕВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
ЕЛВИР АВДУЛА РИЗВАНОВИЌ од Скопје, во траење од 3 месеци
ЉУБОМИР ДАНЕ СЛАВЕВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
КОСТАДИН НИКОЛА ДУЛЕВ од Струмица, во траење од 3 месеци
СТОЛЕ ВАНЧО ТРПЕВСКИ од Кочани, во траење од 3 месеци
ЛОКМАН БАСТРИ ЗЕЌИРИ од с.Пирок, во траење од 6 месеци
ЉАТИФ АВДИЉ АЉИМИ од Ново Село, Тетово, во траење од 6 месеци
АЗИЗ РАХМАН АЗИЗИ од с.Падалиште, Гостивар, во траење од 6 месеци
ХАРУН САМЕТ СЕЈДИ од с.Џепчиште, во траење од 3 месеци
ИДРИЗ ЈАШАР РАМАДАНИ од с.Чегране, во траење од 3 месеци.
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: На 8 мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција
„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. Наместо да одговара прашања, плаќаше ботови по социјални мрежи лично да ме навредуваат мене и моето семејство, народот му кажа што мисли за тоа. Но, морам да го прашам уште нешто затоа што се работи за злоупотреба на државни пари“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4 Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадарци.
Тој продолжи и додаде: „Пендаровски до денес не одговори дали ќе ги користи или нема да ги користи привилегиите кои ги следуваат поранешните претседатели, еднаш невешто одговори дека за тоа ќе се изјаснел во 2029 година, ама очигледно ќе треба да се изјасни на 12 мај затоа што тогаш и официјално му завршува мандатот, тоа е четири дена после изборите и мислам дека е чесно и кога ќе дојде тука во Кавадарци да каже дали ќе е пензионер со најголема пензија во Македонија и поранешен претседател кој најдолго ќе ги користи народните пари. А во меѓувреме е фер да каже уште вечерва ако може дали е вистина или не од пусти мерак за претседателствувања ама и за користење на привилегии дека побарал да му се отвори вилата во Охрид и ќе седел следни пет дена таму да искористи уште некој ден покрај охридското езеро, дали е вистина ова Стево Пендаровски и дали е вистина дека со цело друштво одиш таму да поседите уште некој ден на државен трошок, одговори пред граѓаните“, истакна Николоски.
Рече дека на 8 мај треба уште помасовно да се излезе, во уште поголем број и разликата во Кавадарци да е уште поголема и додаде дека е потребна масовна референдумска излезност на 8 мај за влада која нема да е уценувана од никого, за СДСМ во опозиција, за ДУИ во опозиција.
„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма Платформа 1198, тие не размислуваа на проекти и не реализираа проекти, затоа ние ќе реализираме. Ќе реализираме и експресен пат од Кавадарци до Неготино и спојување на Кавадарци со автопатот. Ќе реализираме и отворање на граничен премин со Грција како би станало многу блиску да се патува помеѓу Кавадарци и Воден и да се спојат овие два дела на географска Македонија. Ќе ги помагаме земјоделците, за лозарите достоинствени цени за виното и рестартирање на Повардарие како би се срушил монополот во откупот на грозје и производството на вино подостоинствен живот за сите, повеќе субвенции и повеќе ред за сите. Затоа на 8 мај масовно да излезете“, дециден е Николоски.
Македонија
Мицкоски од Кавадарци: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени
Во првиот круг издвојувавме огромна победа, која покажа дека народот е свесен за тоа што се случува во нашата татковина. Ова е револуција на народот, пред се затоа што преовладува чувството дека во сопствената земја народот стана кираџија. И тоа токму поради дуото СДСМ-ДУИ, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци.
Мицкоски посочи како ништо не функционира и како институциите не се во корист на граѓаните.
„Институциите повеќе не служат на народот. Се чека за пасоши, лични карти, за документи кои му следуваат на народот. Овој проблем го препуштија да го решава ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски, додека во секоја друга сфера има подеднакво назадување. Во здравството докторите и медицинскиот персонал протестираат. Доколку сакате било која здравствена услуга или ќе мора да платите или да побарате врски. Ако не е така ќе мора да чекате по ходници, ќе ве маткаат со процедури, додека не се откажете. Животниот стандард е под секое ниво. Корупција насекаде, правда никаде“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека проблемот е што ДУИ е газдата во државата.
„Нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС. Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло двеста. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС“, изјави Мицкоски.
Мицкоски рече дека овие денови силно се ангажирани на две сценарија кои во суштина се завера против Македонија.
„Првото е сценарио на бојкот. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, при што Ковачевски оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му остави на СДСМ. И двете сценарија се губитнички за Македонија и удираат по нејзините основи“, кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека решението за сето ова е масовна излезност.
„Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е само едно масовно гласање на избори. Колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени“, рече Мицкоски.
Македонија
Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија
„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките на раздорот, на национализмот, на сеењето страв. Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.
Тој кажа дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.
„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.
Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.
„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и додаде дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.
„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи.