Македонија
(Видео) Адвокатот на Јасна Мандиќ: Таа била донесена во заблуда, истрагата е завршена
Душко Јанковиќ кој е бранител на Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ вели дека неговата клиентка била донесена во заблуда од страна на Бојан Јовановски како претседател на Меѓународниот сојуз. Според него, Јовановски кроел план против Мандиќ-Ерцеговиќ кој таа не го знаела. Таа по распитот прилима решение за завршена истрага од страна на обвинителката Вилма Русковска.
„Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда. Специјално ви кажувам за Јасна дека така е“, рече Јанковиќ по петчасовното сведочење на Мандиќ-Ерцеговиќ пред Русковска.
Јанковиќ вели дека не може да сподели детали од исказот, бидејќи наредните денови ќе сведочат останатите осомничени во случајот за Меѓународниот сојуз.
„Прашања имаше, нормлано. Но, никогаш не беше спорно дека Јасна Ерцеговиќ не сакаше да даде исказ, она секако ќе го дадеше во постапката. Истрагата заврши денеска. Меѓутоа, со оглед дека утре доаѓа да даде исказ Ременски, во петок Христина, Бојан и татко му, не можам да давам детали за самиот исказ. Меѓутоа, неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда“, додаде Јанковиќ.
Адвокатот на Мандиќ-Ерцеговиќ, Душко Јанковиќ вели дека таа потпишувала документи, но таму стоеле постписи на повеќе членови во Меѓународниот сојуз.
„Нејзиниот потпис го има во договорот со ‘Дрим билдинг’ и мислам дека и со ‘Пелистер’ бидејќи е координатор на проектот и дел од Меѓународен сојуз. Таму има повеќе имиња и презимиња кои се сведоци во постапката. Тоа е еден колегиум од пет особи од Меѓународниот сојуз кои потпишуваат“, кажа Јанковиќ.
Бранителот на Мандиќ-Ерцеговиќ вели дека ќе почека да ги види исказите од остантите осомничени, по што ќе донесе заклучок.
Распитот на Мандиќ во Обвинителството траеше повеќе од пет часа, а беше донесена од затворската полиција, бидејќи на неа и е одредена мерка куќен притвор поради опаснст од бегство, уништување на докази и други основи.
Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во износ од засега неутврдени милион евра, кои Јовановски ги земал од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.
Освен заменик-претседателката Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата „измама“ и „перење пари“ ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистенката на Јовановски – Христина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.
Македонија
Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година
Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.
„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.
Македонија
Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид
Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на изведувачот му се исплатени, а работата ни оддалеку не е завршена.
,,На изведувачот, само за реконструкција на дворот му се исплатени 230.000 евра од страна на Општина Охрид, за моментално оваа слика што ја гледате позади мене да биде ваква – грда, раскопана, каллива, нереконструирана…”, вели Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, од местото каде веќе цела година се одвиваат наводните градежни активности.
Според Мојсоска, баснословната сума и тендерот за овој цела година – раскопан двор по кој газат учениците од Охрид, повторно се во рацете на т.н. ,,локален шериф” од ДУИ.
,,Овој тендер заврши во рацете на познатиот Нефи Усеини, кој е рекордер по бројот на дивоградби тука во општина Охрид. Дополнително, истиот овој човек доби 80.000 евра тендер – повторно од Општина Охрид за реконструкција на оградата од дворот на истово училиште. И како тоа да не е доволно, токму Нефи Усеини за оваа иста гимназија доби 50.000 евра за електрична инсталација. Сè на сè, овој познат функционер, Нефи Усеини, доби, речиси, 500.000 евра од страна на власта на ВМРО – ДПМНЕ.
Мојсоска потсети дека во минатото, токму Нефи Усеини, беше симбол на неказнивоста на функционерите на ДУИ.
,,Нефи беше ослободен за нападот на советникот. Нефи Усеини беше ослободен од кривично гонење кога неговата фирма, директно, го загадуваше Охридското езеро. А како симбол на владеењето на овој градоначалник во сенка, остана познатата дивоградба, Пицерија во Чинарот. За жал, и тука се постави дека без разлика кој е на власт, повторно локалните функционери на ДУИ, никој не може да ги допре”, додава Носителот на ИЕ5, Јована Мојсоска.