Контакт

Македонија

Акција за озеленување на Скопје под мотото „Станете урбани херои“

Објавено пред

Почнувајќи од утре „Јавна соба“, во рамки на кампањата „Мрдни со прст“,  најавува почеток на проектот „Дотерај го Скопје”, кој ќе вклучи озеленување на градот и сите негови општини. Сите жители на градот ќе имаат можност директно да учествуваат  во оваа граѓанска инцијатива.  За да го одбележи почетокот на проектот , тимот на “Јавна соба“ засади стебленца со брзорастечки бршлени на неколку локации низ градот.

 

„Сите ние секојдневно минуваме низ јавен простор кој  може да изгледа многу поубаво со минимална интервенција. ‘Јавна соба’ смета  дека граѓаните можат и треба да учествуваат во решавањето на нивните локални проблеми“ – изјави Александар Велиновски, директор на „Јавна соба“.

 

„Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во кампањата за разубавувањето на јавниот простор во Скопје. Станете урбани херои и дотерајте го градот за наше добро!“ – додаде тој.

 

Сите лица кои сакаат да учествуваат во дотерувањето на јавниот простор треба првично да направат фотографија од локацијата каде сметаат дека со мала урбана интервенција – засадување зеленило ќе се разубави околината. Фотографиите од локацијата треба да ја пријават на веб-страницата и да наведат колку растенија им се потребни за да ги засадат. „Јавна соба“ ќе донира брзорастечки бршлени.

 

Во претстојните месеци „Јавна соба“ ќе објави конкурс за музичари и бендови од најразлични жанрови со авторска музика, кои ќе имаат можност да снимат спот и на тој начин да се вклучат во оваа кампања. На крај на кампањата, „Јавна соба“  ќе ги претстави резултатите во форма на фестивал, на кој ќе се изложат фотографиите од интервеции низ Скопје и ќе настапат победничките бендовите на конкурсот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Регион4 часа

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија5 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава5 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија6 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион6 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ6 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион7 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион8 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...