Контакт

Бегството на Груевски

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Објавено пред

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за Црна Гора на патот кон Будимпешта.

Претходно, „Топ ченал“ неофицијално објави дека Груевски поминал низ Албанија, а веста веќе доби потврда од албанската полиција.

Во соопштението на полицијата се вели дека Груевски ја напуштил Албанија во неделата, околу 19 часот преку граничниот премин Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, во возило со регистарски таблички CD1013A, сопственост на унгарската амбасада во Тирана.

Полицијата додава дека во периодот кога Груевски ја поминал границата, немало издадено меѓународна потерница по него.

Нема потврда за информацијата што претходно ја објавија албанските медиуми, дека Груевски илегално поминал во Црна Гора преку зелениот појас.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија10 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија12 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ13 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион13 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија14 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион14 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија19 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија19 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија19 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија19 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија20 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија20 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион1 ден

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет1 ден

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија2 дена

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 дена

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија2 дена

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија2 дена

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Досие