Македонија
Амди Бајрам кандидат за претседател: Па има ли подобар од мене?
Централниот одбор на партијата Сојуз на ромите вечерва донел одлука да го кандидира Амди Бајрам за претседател на државата. Бајрам го потврди ова, и за „Макфакс“ вели „Ако можат другите, зошто да не можам јас“.
„Се бара консензуален претседател, па има ли подобар од мене? Колку што народот пие Кока-кола, толку гласови можам да добијам. Подобро јас да одам на избори, отколку некој друг. Се што сум кажал сум исполнил. Јас сум човек од збор, тоа на ромски се вика ‘мануш таролафи’ и народот мене многу ми верува. Кога може некои во државата, кои сега наполниле 40 години, а не ја знаaт уште политиката и се пилци за тоа прашање, што остана за мене што сум од бивша Југославија. Треба еднаш да им се каже, кој и што е во државата“, вели Бајрам за „Макфакс“.
Бајрам додаде дека неговата партија Сојуз на ромите во идниот период преку „Фејсбук“ ќе го проверува неговиот рејтинг и влијание.
„Ќе видиме преку ‘Фејсбук’ колку ќе ме лајкуваат. Се бара консензуален претседател, има ли подобар од мене? Јас се кандидирав за пратеник добив, во Шуто Оризари 5 пати ги добив локалните избори. Сега останува да видиме дали ќе ги добијам и претседателските. Важно е да се учествува, а во историјата да биде запишано дека Ромите имале свој кандидат“, додава Амди Бајрам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадинов во Париз го избрале за „личност на годината во југоисточна Европа“
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во Париз ја прими наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“ што ја доделува Одборот на Фестивалот „Рим-Париз-Вашингтон“.
Костадинов посочи дека ја добил за „особена заслуга во трансформацијата на градови и добро менаџирање“.
– Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика. Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано. Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце, објави Костадинов на својот Фејсбук профил.
Македонија
Потпишано Партнерство за безбедност и одбрана со Европската унија
„Оваа нова политичка рамка за дијалог и соработка во областа на безбедноста и одбраната ја потпишаа Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ, во име на Европската унија и Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во име на Република Македонија, соопштија од МНР.
Неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската унија и Република Македонија. Македонија е важен и вреден партнер за Европската унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (ЗБОП). Потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска унија и Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската унија и Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на Македонија за интеграција во Европската унија. Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите, истакнуваат од министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Областите утврдени во Партнерството за безбедност и одбрана редовно ќе се разгледуваат, при што ќе се прави преглед на напредокот и ќе се даде поттик за натамошно јакнење на соработката, додаваат од МНР.
Македонија
Тренчевска: СДСМ бара покачување на платите во јавниот сектор и образованието
Владата место да манипулира со некојси 5 посто покачувања, нека ги исполни обврските од колективниот договор каде треба да се добие реално покачување на платите на работниците. Но, оваа власт не е способна ниту еден буџет да донесе како што треба, а камо ли да ги накачи платите. И некоректно е пратениците од ДПМНЕ, да се однесуваат арогантно и самобендисано, со навреди, и да повикуваат на отфрлање на амандманот за зголемување на плати, или да се закануваат повторно, рече пратеничката на СДСМ, Јована Треневска, на комисијата за финансирање на буџет.
– Она што е евидентно е дека ако некоја влада е препознатлива по зголемување на платите во јавниот и во приватниот сектор е владата на СДСМ. Минималната плата ја зголемивме, од 8 илјади денари, колку што ја остави ДПМНЕ, па не ја ни исплаќаше навреме. Денс минималната плата е 22.500. Просечната плата од 22 илјади од 2016 ја донесовме на околу 41 илјади, да сега неспособната влада на ДПМНЕ ја намали просечната плата за илјада денари.“, рече Тренчевска.
Таа потсети дека во времето на владеењето на СДСМ имаше евидентни покачувања на платите, во здравството и образованите. Во 2016 платата на наставниците во средно образование беше 21.950 денари, а во септември 2023 таа изнесуваше 35.200 ден. Во високото образовани, ако основна плата на универзитетски професор беше 36.211 сега таа е 81.783 денари. Исто така и во основното образование, каде од 21.1000 платата се покачи на 33.640 денари.
– Владата мора да испочитува обврските од колективниот договор, а не да манипулира. Со коефициентот на сложеност до крај на годината мора да биде склучена спогодба, меѓу потписниците на Општиот колективен договор за јавниот сектор, а тоа е Владата и Сојузот на синдикатите. Кога СДСМ беше на власт и кога го подготвуваме колективниот договор, ставивме заштитна клаузула за да не се оштетени работниците и тие во март во 2025 мора да добијат реално зголемена плата, рече Тренчевска.