Македонија
Ангеловска-Бежоска – Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата и ужива висока доверба
„Во услови на глобална неизвесност, монетарната политика придонесува со своите мерки за одржување на стабилноста на макроекономското окружување во земјава“, беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Ангела Агелер, при што беше нагласена високата доверба на јавноста кон Народната банка, дури и во периодот на кризи и премрежиња.
Народната банка има витална улога во одржувањето на макроекономската стабилност, особено преку нејзините напори за справување со последователните кризи изминатите четири години. Професионалноста, стручноста и посветеноста се секогаш на највисоко ниво кога станува збор за Народната банка. Ова беше посочено на средбата меѓу гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорката Агелер.
На состанокот беше нагласена важноста на силните и кредибилни институции, особено во кризни времиња, кога треба да се носат мерки за поддршка на економијата.
„Со помош на политиките коишто ги презема централната банка, инфлацијата се сведе на едноцифрена стапка, додека девизните резерви се зголемија за 40%, во однос на преткризниот период. Банкарскиот систем е стабилен, добро капитализиран и обезбедува поддршка за граѓаните и фирмите“, забележа Ангеловска-Бежоска.
Една од темите коишто беа разгледувани на состанокот беше сегашната монетарна политика, којашто иако е соодветно поставена, сепак неопходно е внимателно следење на инфлациските движења и натамошна претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за поддршката којашто ја добива Северна Македонија од Соединетите Американски Држави во подобрувањето на капацитетите и во зацврстувањето на улогата на институциите на државата. Гувернерката и амбасадорката ги разгледаа начините за натамошно зајакнување на соработката и партнерството заради обезбедување одржлив и инклузивен раст за нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.