Контакт

Македонија

Антикорупциска ќе го испитува јавното приватно партнерство со Жан Митрев

Објавено пред

Антикорупциската комисија отвори предмет по сопствена иницијатива откако Владимир Чадиковски, единствениот лиценциран детски кардиохирург, даде отказ од болницата „Жан Митрв“, со која државата имаше склучено јавно приватно партнерство. Антикорупциската комисија ќе испитува дали постојат причини за раскинување на договорот меѓу државата и болницата „Жан Митрев“, особено по објавените информации дека кардиохирургот Жан Митрев нема лиценца да се занимава со детска кардиохирургија, а тој веќе најави дека во идниот период ќе се оперираат 20 бебиња.

Чадиковски и неговиот тим во февруари годинава од државната клиника преминаа да работат во „Жан Митрев“, по јавното приватно партнерство што го воспоставија Министерството за здравство, Фондот и приватната болница. Чадиковски даде отказ поради неисполнети услови во договорот и различни концепти на работа со кардиохирургот Жан Митрев.

Од Министерството за здравство изјавија дека ова не менува ништо и дека јавното приватно партнерство продолжува да функиционира. Единствено не дадоа одговор кој ќе ги оперира бебињата, со оглед на тоа што Чадиковски е единствен лиценциран кардиохирург во земјава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Класифицираните информации ќе се заштитуваат согласно стандардите на НАТО

Објавено пред

На предлог на Министерството за одбрана, на денешната владина седница е утврден предлог-закон за класифицирани информации.

Со предлог-законот за класифицирани информации се уредува системот за заштита на класифицирани информации во земјава и се овозможува одржување високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, следење на тековните трендови во практиките при ракувањето со класифицираните информации, како и прецизирање на одредени прашања поврзани со други области што се поврзани со работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Новиот предлог-закон ја има предвид законска основа за донесување подзаконски акт којшто ја регулира криптозаштитата во земјата, а согласно интеграциските процеси на земјата во НАТО и ЕУ, согледана е и потреба за проширување на надлежностите на Дирекцијата во доменот на размената и заштитата на класифицирани информации со меѓународните организации.

Прикажи повеќе...

Македонија

Усвоена новата стратегија за одбрана

Објавено пред

На денешната 154. редовна седница Владата ја разгледа и усвои информацијата со нацрт-стратегијата за одбрана и го задолжи Министерството за одбрана во рок од 7 дена од усвојувањето на информацијата да ја достави до претседателот на Република Северна Македонија за нејзино донесување.

Тековната стратегија за одбрана е донесена во 2010 година, а како резултат на безбедносната динамика, современите безбедносни закани и предизвици, но и како резултат на променетиот статус на Република Северна Македонија во меѓународни рамки, Министерството за одбрана изготви нацрт на нова стратегија за одбрана.

Новата стратегија ги идентификува одликите на современото безбедносно опкружување, дава насоки за понатамошен развој на одбранбените капацитети и способности на системот за одбрана на Република Северна Македонија, како и насоки за синхронизирање и унапредување на одбранбеното планирање, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Објавено пред

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“.

Со пожарот е зафатена густа борова шума која се протега веднаш над манастирот, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци.

Бидејќи огнот се шири со голема брзина, на помош пристигнаа и авионите за гаснење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Меѓу првите кои пристигнаа на местото каде што избувна пожарот беа градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

„За брзо време пристигна возило на ТППЕ кое беше поставено во дворот на манастирот ‘Св.Димитрија’, затоа што пожарот веќе беше стигнат на педесетина метри од манастирот. Од Дирекцијата за заштита и спасување веднаш побаравме воздушна поддршка за гаснење на пожарот, стапивме во контакт и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Ни беше одговорено дека авионите веднаш ќе бидат испратени и, како што видовте, тие пристигнаа и заедно со пожарникарите, стотината вработени во јавните претпријатија и доброволци, се вклучија во гаснење на пожарот“, изјави градоначалникот Јованоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија3 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија5 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија5 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија6 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија9 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет10 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет10 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет10 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија11 час

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија11 час

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет22 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет23 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија1 ден

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Досие