Македонија
Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за него се бара мерка притвор, изјави за „Макфакс“ адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски.
„Можеби тој ќе понуди патна исправа или гаранција. Странката мора да се произнесе во секој случај. Мијалков не беше известен дека за него се бара притвор. Мислам дека судот ги пречекорува своите овластувања“, вели Апостолски.
Адвокатот додаде дека ќе приложи жалба на одлуката за притвор.
Претходно денеска на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, Кривичниот совет му определи 30-дневен притвор. Вечерва тој беше спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Црн крст исцртан пред домот на скопски бизнисмен

Утрово пред домот на сопственикот на градежната компанија „Кубус“, Златко Тодоров, е испишан црн крст со неговото име, а истата порака ја има и на фасадите. МВР за „Макфакс“ го потврди случајот.

Фотографија од местото каде е исцртан крстот со името и презимето на бизнисменот
„На 18.02 во 8:30 часот З.Т. пријавил дека на улица Христо Смирненски има натпис на коловозот со испишана заканувачка порака при што истата порака ја има и на фасадите. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“. Минатата недела на неколку локации низ Скопје беа поставени натписи за истиот бизнисмен „Кој го штити Златко Тодоров во обвинителството и судот?“
Од полицијата известија дека во врска со опожарувањето на неговото возило, кое се случи лани, постапува скопското обвинителство. „Во врска со настан од 20.09.2018 година околу 4:00 часот на улица Христо Смирнески кога е опожарено патничко моторно возило Х5, со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето К. Т. од Скопје кое го користел неговиот татко З. Т. од Скопје, од страна на увидна екипа од СВР Скопје беше извршен увид и преземени се соодветни мерки и активности. За случајот е известен и јавен обвинител кој во координација со МВР врз основ на прибавените докази дава насоки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Бизнисменот Златко Тодоров рече за „Макфакс“ дека овие настани се последица од шестгодишното непостапување на обвинителстовото за кривичните пријави за случајот „Банки“. „Сите овие настани се последица на непостапувањето на обвинителството, по кривичните пријави, кои, по наши сознаија, МВР ги има поднесено во 2013 година и УБК преку БЈБ во 2017 година како и Упрвата за финансиската полиција“, вели Тодоров.
„Непостапувањето по кривичните пријави ги подгрева надежите на сторителите во аферата дека ќе се извлечат со вакви заплашувања и закани по живот. Арамиите се убедуваат дека ќе дојде до ослободување од процесот на кривично гонење. Во врска со натписите, во ‘Кубус’ нема еден купец кој побарал од нас аргументирано да постапиме дека има каков било проблем. Напротив. Склучени се и во тек на склучување има договори. Толку е за вербата што клиентите ја имаат во компанијата од 27 години работа.
Македонија
(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение за нас, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која разговараа за консензуален кандидат за претседател. Според него, опозицискиот кандидат воопшто не е профил за консензуален претседател и е спротивност на концептот едно општество за сите.
Таа во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓаните. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја што е преговарач со ЕУ”, таа е надвор од секој концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“, изјави Заев.
Премиерот не сакаше да открива можни имиња за кои разговарале со Ахмети, но рече дека до крајот на неделата ќе биде познато дали е прифатлив консензуален кандидат, откако ќе се направат внатрепартиски консултации.
За можно неисполнување на цензусот Заев остава на одговорноста на граѓаните. Вели дека во анкетите 78 отсто велат дека ќе излезат во двата круга, но тој сепак смета дека зависи од тоа колку партиите ќе ги мотивираат гласачите во предизборната кампања.
По средбата со Ахмети, Заев најави средби и со Мендух Тачи, Африм Гаши, Биљал Касами и Зијадин Села.
Македонија
Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на автобусите следи откако беше утврдено дека „Дурмо турс“ сам себе си вршел технички преглед, односно автобусите ги регистрирал во станицата за технички преглед чиј сопственик е Дурмиш Белули, кој е сопственик и на „Дурмо турс“.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека поради истрагата на обвинителството за причините за несреќата, не можат да даваат информации поврзани со „Дурмо турс“, но уверуваат дека прават редовни контроли на сите станици за технички преглед.
Министерството за транспорт и врски веќе информираше дека оваа компанија има лиценцирано вкупно 40 автобуси, а освен меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар, има и 18 линии за меѓународен превоз на кои возат 36 сертифицирани возачи.
Обвинителството денес соопшти дека поради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдувањето на причините на автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, во скопското обвинителство се одржал работен состанок на претставници од обвинителството, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.
Обвинителството извести дека почнало испитувањето на очевидците на настанот, а до крајот на неделава очекуваат исказ да даде и возачот на автобусот. До Институтот за судска медицина биле доставени наредби за обезбедување на обдукциите на сите починати лица во несреќата, од здравствените установи била побарана медицинската документација за повредени, од мобилните оператори побарани се листинзи за разговорите на возачот, наредено е вештачење на телефонот, а до Машинскиот факултет била доставена наредба за вештачење на техничката исправност на автобусот.
Демократскиот сојуз вчера јавно побара да се направи вонреден технички преглед не само на сите автобуси на „Дурмо турс“ туку и на сите компании кои вршат превоз на патници, како и на сите станици за технички преглед на возилата.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека во Македонија има вкупно 4.176 лиценцирани возила за превоз на патници.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал