Македонија
АХВ почна кампања за подигање на свеста за благосостојба на животните

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со надлежните тела за фитосанитарна политика на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, почна активности за спроведување на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” кој се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на ИПА 2015. Носител на проектот вреден 1,6 милиони евра е Агенцијата за храна и ветеринарство и истиот ќе се реализира заклучно со декември 2020 година во соработка со Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Главна цел на проектот е заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, со цел подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар. Со проектот ќе се зајакнат постоечките системи на надлежните институции и ќе се преземат активности за подигнување на јавната свест, со цел подобрување на здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјава.
Агенцијата за храна и ветеринарство од денес, почнува со реализација на Кампањата за подигнување на јавната свест за благосостојбата на животните, со акцент на стерилизацијата и микрочипирањето на домашни миленици, како дел од четвртата компонента на овој проект која опфаќа реализација на кампањи за подигнување на јавната свест за генералните принципи за благосостојба на животните, за благосостојба на животните за време на транспорт, благосостојбата на работните коњи и кампањата за благосостојбата на кокошките несилки.
Во рамки на кампањата за промоција на одговорно сопствеништво, подготвени се едукативни видеоспотови, билборди, летоци, а планирано е и одржување на работилници и едукативни настани со деца од основните училишта, на кои ќе бидат промовирани основите на одговорното сопствеништво и стерилизацијата и микрочипирањето на милениците домашни миленици како мерки за намалување на популацијата на бездомни животни.
Во областа на фитосанитарната политика фокусот е на спречување на внесување и појава на карантински штетни организми, употреба на производи за заштита на растенијата во процесот на производство на храна и добиточна храна, како и нивната ефикасна контрола, што обезбедува поголем степен на заштита на здравјето на луѓето и животните, како и заштита на животната средина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).