Македонија
Ахмети: Никој да не се плаши од првиот премиер Албанец, ние го земаме делот што ни припаѓа
На промоција на кандидатот за премиер на Република Северна Македонија под број 9 кој е предложен од Демократската унија за интеграција беше присутен и претседателот на партијата, Ахмети, кој на почеток рече дека ова е голем собир бидејќи тука се заедно Липково и Куманово, иако во вонредни околности тие секогаш биле заедно.
Ахмети истакна дека се ставени во движење не само земјата и регионот, туку и меѓународни центри, бидејќи правдата е на наша страна и целата врева се крева поради тоа што ние излеговме со
наше правно и легитимно барање за премиер Албанец.
„Наместо да се радуваат, другите се налутија и се разочараа. Наместо да ја поздрават, тие ја исмеваат. Ние знаеме дека кога се вознемируваат другите имаат голема мака, но не треба толку да се грижат затоа што со премиерот Албанец ќе се зголеми лојалноста на Албанците кон државата, со премиерот Албанец ќе се зајакне интегритетот и суверенитетот на државата, ние не го земаме делот на другиот бидејќи никогаш не сме сакале нешто што не било наше, туку нашиот дел за кој сме пролеале крв“, истакна Ахмети.
Во продолжение на неговиот говор пред граѓаните на Куманово рече дека е загрижен од македонските политичари, но и од претседателите на албанските политички партии кои реагираа за идејата на премиерот Албанец во РСМ.
„Нашите сограѓани Македонци ме разочараа бидејќи беднаш се исшлашија од идејата за премиер Албанец истакнувајќи дека Албанец не може да биде премиер во РСМ. Од дедо и прадедо со документ ни ја оставија земјата и заедно со Сонцето ние сме тука и никој не може да негира едно легитимно право кое самиот Господ го познава. Како можеше да се избере претседателот на Собранието Албанец и токму тие говореа дека не може да стане, министерот за одбрана Албанец, министерот за внатрешни работи Албанец, претседателот на Врховниот суд Албанец и ништо лошо не ѝ се случи на ова земја, напротив процесите се движат напред, Европа е Европа на различностите. За следниот мандат гледам многу ветувања, но за тој мандат треба една работа да ветува македонската страна, дека ова земја
ќе стане членка на Европската Унија и за членство на нашата земја во европското семејство треба да се направат длабоки реформи во правото, да се спроведе ветинг, да се бориме против криминалот и корупцијата и ова може да го направи еден премиер Албанец, истакна Ахмети.
На крај од неговиот говор, Али Ахмети рече дека ДУИ гледа изградени вредности, вредности кои знаат да менаџираат и управуваат, затоа се бара целосна албанска поддршка во Република Северна Македонија и на другите заедници, иако порано не е кажано и не е негирано дека со наша издвоена победата на националната борна и тие ги добија нивните права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

