Македонија
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството во самоизолација

Поради контакт со лице позитивно на Ковид-19, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, во следните неколку дена ќе биде во самоизолација.
„Моменталната состојба е променлива и многу непредвидлива, коронавирусот ни наметна нови начини и услови на кои сите мора брзо да се прилагодуваме. Поради контакт со лице позитивно на Ковид-19, во следните неколку дена одам во самоизолација, по што ќе направам и тест.
Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Но, самоизолацијата ги менува моите секојдневни планови и обврски кои веќе ги имав испланирано за наредните денови. Се извинувам за сите откажани состаноци, планирани средби, настани. Здравјето и безбедноста на луѓето со кои имам секојдневни средби, семејството, блиските соработници, вработените во Агенцијата се приоритет. Ова ќе помине, да се чуваме, да носиме маски и заштита. Бидете здрави и живи сите, ова ќе помине, а ние ќе бидеме посилини“, изјави Бабовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.