Контакт

Македонија

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Објавено пред

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство, Венко Филипче, и до медиумите. Во него наведува дека уште додека момчето било таму се жалело од односот на персоналот што го третирало во Општата болница – Битола и го опишал како нехуман. Семејството тврди дека секојдневно, по позитивниот тест на коронавирус, го носеле на прегледи, каде што му била препишувана терапија од докторите. Истото тоа пред десетина дена го потврди и Министерството за здравство. Но, дури третиот ден од прегледите, кога состојбата му била значително влошена, бил хоспитализиран.

„Мојот брат на 9.10.2021 е константирано дека боледува од Ковид-19. Резултатот е добиен во 19 часот. Веднаш е почнато лекување со антибиотик ‘панцеф’ и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му беше 39,2°C. Брат ми не беше вакциниран против Ковид-19. Со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа. Наредниот ден, 10.10.2021, е однесен на инфективната клиника во Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж, без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк-синуси, срце, РТГ на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri – 438, CRP – 85,5, Fe – 2,7. Даден совет за таблети ‘кардиопирин’ од 100 мг, ‘панцеф’ 400 мг едно дневно, ‘фамосан’ 40 мг, цинк, Ц-витамин и Д-витамин. На 11.10.2021 повторно е однесен во Клиничката болница – Битола. Извршен е преглед и константирана е температура од 39,3°C, сатурација 97, тахикардија 139 и крвен притисок 120/70. Константирано е васкуларно дишење. Cor-bo. Дадено Sol NaCl 0,9 % 250 мл + ампула ‘аналгин’/ив. Вратен е дома со темпетура од 38°C, отежнато дишење и кашлица“, опишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот.

Веќе третиот ден од домашното лекување, со висока температура и кашлица, 22-годишниот битолчанец е повторно однесен во битолската болница. Тогаш е ставен на кислородна поддршка и дадени му се инфузии со додатоци, за кои семејството вели дека не знаат што се третирало со нив. Кога го хоспитализирале, тие барале машината за кислород да биде надополнета со вода бидејќи, како што тврдат, во неа немало. Барале информации за неговата состојба од персоналот, но не добивале.

„Во наредните 24 часа е со постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана и е третиран со крвна плаза од донор со прележан Ковид-19. Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортикостероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да може да ја поминe ноќта. Во собите на пациентите оставени се овие броеви за помош од медицинските сестри 047/243-350, 047/243-445, кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму. А дадениот број од дежурниот лекар 071-213-415 е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло му се влошува и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа“, додава братот на почиантиот.
Министерството за здравство веќе изјави дека починатиот имал коморбидитет, потенцирајќи дека тоа е обезноста, односно дебелината. Од семејството велат дека тој се занимавал со бодибилдинг. Ним не им е јасно ниту кои доктори го прегледувале првите денови по добивањето позитивен наод на коронавирусот, а не го хоспитализирале веднаш за да добие болнички третман.

„Мојот брат навистина имаше 125 кг, 180 см висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во битолската болница бидејќи нѐ примаа доктори, а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести, кои никаде и никогаш не ги видовме. Господине министер Венко Филипче, ги ценам вашата стручност и знаењето, ама со вакво здравство ќе ни требаат уште стотина години за да го достигнеме минимумот на европското ниво. За горенапишаното располагаме со документација, која можеме да ја дадеме на увид за тој што ќе покаже интерес за случајот. Напоменувам дека за време на хоспитализацијата мојот брат три дена нонстоп беше под маска и контактиравме со пораки, во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот. Со почит од вечно ужаленото семејство на 22-годишното братче, кое ќе живее во нашите срца додека ние постоиме“, пишува Дејан Мицкоски, брат на починатиот.

Младиот пациент почина пред 10 дена. Во првите денови докторите му посочиле дека нема знаци на пневмонија, велеше Министерството за здравство, поради што бил испратен на домашно лекување. Веќе наредниот ден бил со драстично влошена состојба по што бил хоспитализиран. И покрај терапијата, медицинарите не успеаја да го спасат.

Најново

Македонија2 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава2 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава3 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет3 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт4 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...

Економија4 часа

Владата ги намали акцизите: Бензините наместо 4 поскапеа 3 денари, а дизелот наместо 8 поскапе 6 денари

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка...

Македонија5 часа

Бензините поскапуваат за 3, дизелот за 6 денари

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги...

Свет5 часа

Велика Британија има нов премиер, четврти за четири години

Британскиот крал Чарлс го назначи новиот лидер на Британската лабуристичка партија, Енди Бернам, за премиер и му ја довери задачата...