Македонија
Бачев: Да го спречиме геноцидот што сакаат да го направат врз македонскиот народ
Во чест на големиот празник, Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври, и 125 години од формирањето на ВМРО, делегација на Единствена Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во Скопје.
„Денешниот датум 23 октомври е силно врежан во меморијата на македонскиот народ. На овој ден пред 125 години шестмина храбри Македонци, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров ја формирале најсилната револуционерна организација во македонската историја. Кај овие луѓе се родила идејата дека мора да ја остварат историсктаа оринетација на македонскиот народ за македонска држава, меѓутоа, тие биле свесни дека остварувањето на идејата ќе биде тешка работа. Ја создадоа идејата, за идејата потоа ја создаде организацијата, а организацијата го создаде делото. Делото е самостојна, суверена и слободна Република Македонија.
Меѓутоа, денеска сведоци сме дека Републиката е исправена пред сериозен предизвик, бидејќи, актуелната марионетска власт и нејзините странски газди сакаат да избришат се што е македонско. Затоа, останува сега на оваа генерација Македоцни да го спречиме овој геноцид што сакаат да се направи врз македонскиот народ, да се избрише вековното македонско име, идентитет, историја, традиција, јазик и култура. Ние сме убедени дека ќе победиме во оваа битка. Македонија мора да победи. Впрочем, не им било лесно и нашите претци кои имале јасна кауза. Потребно е сега како Македонци да бидеме единствени и сплотени оти имаме јасна кауза, и таа кауза секогаш се соочувала со проблеми и предизвици и секогаш имала противник, и каузата победувала. Затоа, упатуваме порака дека и ние, оваа генерација Македонци ќе успееме, бидејќи заветот е голем од нашите предци, влогот е голем. Тој влог е врежан во минатото од нашите претци, и ќе биде развиван од нашите деца и внуци во иднината. Тоа е Макеоднија и Македонците. Нека ни е честит празникот 23 октомври, овој голем македонски ден. Да живее Република Македонија“ – рече во честитката лидерот на партијата, Јанко Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства
Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот овчар Трајко Бојковски од селото малотино, Старо Нагоричане, осомничен дека е серириски убиец. Обвинителството ја прошири истрагата за уште едно кривично дело – убиство, за кое е предвидена казна доживотен затвор, извести денес обвинителот Љубомир Лапе.
Обвинителството веќе обезбеди докази за две убиства и еден обид за убиство со ДНК анализи кои посочуваат кон 25-годишникот, кој е во притвор. Сите жртви се од истиот регион и според Обвинителството, нема докази за сексуално насилство. Дадени се наредби за психијатриско вештачење на осомничениот и сè уште не е утврден мотивот за убиствата.
За расчистување на случајот дадени се наредби на МВР да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци за настаните поврзани со осомничениот кој од СВР Куманово веќе има кривична пријава за две тешки кражби.
Кумановската обвинителка Теута Рамдани потсети дека истрагата за Бојковски почна по пријава од 83- годишна жена која успеала да преживее напад од осомничениот.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Во минатото, географијата ги одредуваше можностите, а денес знаењето и храброста ги надминуваат границите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција на Women in Tech, глобална организација насочена кон поттикнување на инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика).
Во обраќањето, Сиљановска-Давкова ја опиша конференцијата како „невидлива линија што го поврзува светот од една временска зона до друга, од еден континент до друг“, нагласувајќи дека ако некогаш географијата ги одредувала можностите, денес знаењето и храброста ги надминуваат границите.
Според неа, жените повеќе не се исклучок во технолошките процеси, туку нивни креаторки: истражувачки умови, основачки на стартапи, инженерки и визионерки, кои ја градат инфраструктурата на иднината.
Таа потсети дека секој напредок е плод на споделено знаење и солидарност и дека кога една жена успева, отвора простор за другите, а кога создава, ги проширува нивните хоризонти.
Обраќајќи им се на младите девојки, претседателката порача дека „иднината не е однапред напишан код“, туку се гради со љубопитност, креативност и визија.
На крајот, таа укажа дека технологијата мора да биде водена од етика, емоционална интелигенција и човечко достоинство, додавајќи дека вистинскиот напредок се мери не само со иновации, туку и со вредности.
Конференцијата, во траење од 24 часа, се одржа во текот на вчерашниот ден, поврзувајќи илјадници жени од различни континенти, кои преку знаење, искуство и солидарност испишуваат заедничка женска глобална приказна.
Македонија
Македонско-француското партнерство и ЕУ-перспективата во фокус на средбата Карапејовски – Ле Риголер
Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Амбасадорот Ле Риголер и советникот Маршето со Карапејовски разговараа за долгогодишното македонско-француско пријателство и соработка, особено на планот на културата.
Карапејовски го истакна придонесот на македонските образовни институции во промоцијата на францускиот јазик и култура и му се заблагодари на амбасадорот за поддршката што ја дава Франција во различните области на меѓудржавната соработка. Тој ги истакна приоритетите на ЗНАМ во Собранието, програмските заложби и специфичната функција на партијата и на пратеничката група како дел од владејачкото мнозинство, каде што функционира и како коректив на власта.
Во врска со евроинтеграциите, беше реафирмирана поддршката на Франција на патот на Македонија кон Европската Унија. Координаторот на ПГ на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го истакна ставот на пратеничката група и силната заложба за исполнување на обврските од реформската агенда во процесот, како клучен чекор во пристапувањето.

