Македонија
Без струја дел од Аеродром, а утре дел од Илинден

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:
– од 8 до 13 часот корисниците од дел на улицата Мите Богоевски (општина Аеродром);
– од 10 до 14.30 часот корисниците од дел на с. Горно Лисиче (општина Аеродром).
А утре од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од населбата Илинден, поточно улиците бр. 32 и бр. 34 и објектите во околината на хотелот „Белви“ (општина Илинден).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра поголеми во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра.
На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, наплатата изнесува 85.599.333 денари, односно 72.861.770 денари.
„Најпрофитабилна“ е патарината Романовце, каде според податоците на ЈПДП, остварениот промет изнесува 400.174.788,00 денари. Од наплатата на патарината на Миладиновци се инкасирани 266.361.767 денари, Глумово 258.299.622, Градско 248.125.247 денари, Желино 244.476.653 денари, Гевгелија 236.866.875 денари, Петровец 205.967.358 денари, Тетово 201.158.821 денари, Сопот 195.984.192 денари, Отовица 188.054.352 денари, Демир Капија 172.813.622 денари и Гостивар 164.536.337 денари.
Прометот остварен од електронската наплата на патарина преку продажба на електронски уреди и нивни надополнувања во АМЦ Центарот, пак, изнесува 333.106.598 денари.
Од почетокот на воведувањето на електронската наплата на патарина, од јули 2019 година па се до 1 март годинава електронската наплата бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во нивно надополнување.
За периодот 2019 до сега, продадени се вкупно 144.591 парчиња М-Смарт картички и 17.412 М-Таг уреди или вкупно 162.003 електронски уреди.
Во тек е постапка за техничко и финансиско усогласување за спроведување интероперабилност во електронска наплата на патарини во рамки на Отворен Балкан, откако на самитот во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во Србија, Северна Македонија и Албанија.
Според најавите, до зачленувањето на државава во ЕУ треба да биде воспоставена целосна дигитализација на патарините, односно начинот на којшто ќе се наплаќа таксата за патарина ќе биде дигитализиран.
Македонија
Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Еве како ќе се движат температурите:
Македонија
Полициските униформи станаа тријазични

Стапува во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците.
Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа се: натпис „ПОЛИЦИЈА”, „POLICIA”, „POLICE”, натпис „СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА“, „POLICIA E TRAFIKUT”, „TRAFFIC POLICE”, амблем „ПОЛИЦИЈА”, „POLICIA”, „POLICE”, амблем „ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА”, „POLICIA KUFITARE”, „BORDER POLICE”, амблем во форма на штит со намалени димензии и метална ознака за шапка, пишува во Уредбата.
Тројазични стануваат и амблемите на Единицата за интервентна полиција.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лани најави дека најдоцна до март годинава униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.
– Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година, изјави Спасовски.