Контакт

Македонија

Без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека за денеска се планирани следните технички зафати во електросистемот на градот Скопје:

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. Франце Прешерн (општина Карпош);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од с. Маркова Сушица (местото наречено Вршник) (општина Студеничани);
Во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Танушевци, Малино и Брест (општина Чучер-Сандево);
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Кара Трифун, ул. Пандо Кљашев, ул. Малина Попиванова, дел од ул. Караџица, дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул. Пржино (општина Чаир).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Османи во официјална посета на Црна Гора на средба со Ѓукановиќ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорге Радуловиќ.

Во рамките на посетата Османи ќе има набиена агенда на која ќе оствари средби со целиот државен врв на земјата. Покрај неговиот хомолог, Османи ќе оствари средба и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со претседателот на црногорскиот парламент Алекса Бечиќ, со претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ, како и со потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.

Се очекува, на разговорите да бидат потврдени блиските и пријателски односи меѓу двете земји, но и детално разгледување на начините како да се продлабочи соработката, особено економската, која треба да ги следи многу добрите политички односи, преку изнаоѓање на нови форми и содржини за збогатување на трговската размена. Во споделувањето на мислења и ставовите посебно внимание ќе биде ставено на соработката во рамките на НАТО, како земји сојузници и во процесот на интеграцијата во Европската Унија, во која двете држави имаат заедничка цел и перспектива. Во тој контекст, ќе се разговара и за регионалната соработка и иницијативи, кои имаат клучна улога во развојот на добрососедските односи и нивното значење за меѓусебната соработка и европската иднина на секоја земја поединечно и регионот како целина.

Прикажи повеќе...

Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти со Ковид-19

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, соопшти Министерството за здравтво.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 34 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скоппје и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од МЗ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вети враќање на стариот сјај на езерото Треска, а Скопје доби затворање на езерото

Објавено пред

„Пред почетокот на мандатот Петре Шилегов јавно на прес-конференција вети обновување на езерото Треска. 3 години потоа се затвора езерото Треска и тоа замира. Додека на Матка растат дивите платформи, Треска изградена со парите на скопјани целосно се руинира. Вистинското прашање е чии бизнис-интереси стојат зад затворањето на езерото Треска?“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, наместо црвена лента за обновување, езерото доби катанец.

„Ова е доказ за неспособноста и криминогеноста на градоначалникот Шилегов. Тој самиот ветуваше чуда и обновување, сега сето тоа го заборави и тргна во заштита на бизнис-интереси. Шилегов да не се правда дека градот нема надлежности, тоа требаше да го знае уште кога им ветуваше на скопјани чуда од езерото. Сега езерото се распаѓа за тоа да им припадне на бизнис-моќници на власта“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија1 час

Обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија2 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, се бележи стабилизација на епидемијата во земјата, велат од...

Европа2 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет3 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија4 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет15 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет17 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет18 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија18 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт19 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија19 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија20 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет21 час

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија21 час

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија22 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет1 ден

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет1 ден

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ1 ден

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Досие