Контакт

Македонија

Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите што згрешија за овој случај

Објавено пред

Здружението на медицинските сестри, техничарите, акушерките и стоматолошките сестри „За нас“ будно го следи случајот на тримесечното бебе со модринки по прегледот на Детската клиника и очекува виновникот за целата ситуација дека ќе се посочи со име и презиме. Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението „За нас“, денес повика пред да се посочи вина кај кого било да се почекаат податоците од стручната комисија формирана да го истражи случајот.

„Будноста ни е оти очекуваме да се излезе со релевантни факти и аргументи за целокупната состојба. Во овој момент не гледаме и не согледуваме никаква вина со оглед на тоа дека и министерот Таравари досега никогаш не ја посочи вината кон медицинската сестра сѐ додека не излезе со адекватни податоци комисијата формирана да го увиди случајот. Вакви нерасчистени и недокажани случаи не смее да фрлат никаква дамка на нашата сестринска професија. Не само за дигнитетот на нашата професија туку и за довербата на пациентите. За овој случај ќе се воздржиме сѐ додека не ги добиеме релевантните аргументи од комисијата, која очекуваме во текот на денешниот ден да излезе со податоци. Веруваме во институциите и веруваме во Министерството за здравство дека сепак целиот случај ќе оди во насока на правилно расчистување и со име и презиме на виновникот за целата работа“, рече претседателката на Здружението, Бешлиовска.

Во однос на забелешките дека медицинската сестра го повредила тримесечното бебе кога му зела крв оти претходно имала расправија со мајката, која не зборувала добро македонски јазик, Бешлиовска вели дека медицинските сестри во болниците не се бројат по национални реторики.

„Се надеваме дека сите што на некој начин погрешија и згрешија во оваа ситуација ќе бидат прозвани со име и презиме. Инцидентните случаи не смее да ги генерализираат нештата и не смее да одат во правец на нарушување на дигнитетот на професијата на сестрите и губење на довербата кај пациентите“, вели Бешлиовска.

Таа потсети дека во Македонија има дефицит од медицински сестри оти постојано ја напуштаат земјата, но во моментот имаме 9.200 медицински сестри за кои вели дека високопрофесионално си ја работат работата. Токму за расчистување на ваквите случаи Бешлиовска вели дека во структурите што тие предлагаат да бидат воведени имаат и суд на честа и надзорен суд, со кои  екоја грешка треба да има име и презиме, а не генерализирање на состојбите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Мицкоски намерно не праќа барање за екстрадиција на Груевски

Објавено пред

Владата на Христијан Мицкоски намерно го одолговлекува процесот и се уште нема пратено барање за екстрадиција на избеганиот осуденик и криминалец Никола Груевски од Унгарија, велат од СДСМ.

„Уште патувале документите од МВР, од Јавното обвинителство и од Основниот кривичен суд Скопје, до Министерството за правда иако се на неколку стотини метри оддалеченост.

Полска не чекаше, ескпресно постапи и веднаш упати нови барања за екстрадиција на нивните политичари од Унгарија, само Владата на Мицкоски не.

Мицкоски повторно излажа, рече дека поранешните полски функционери немаат добиено азил и затоа Полска можела да бара екстрадиција а тоа не е точно, имаат добиено азил. Исто како што лажеше за името, за Преспанскиот договор, сега лаже повторно.

Ова е јасен доказ дека Мицкоски нема намера да го врати својот политички ментор Груевски пред лицето на правдата туку намерно да одолговлекува и да му купува време за ново бегство.

СДСМ бара владата на Мицкоски веднаш да постапи и да побара екстрадиција на Никола Груевски“, велат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб

Објавено пред

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.

– Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за солидарност, за највисок чин на алтруизам. Нема поголем чин од тоа во момент на болка да подарите живот. Ова семејство покажа што значи вистинска хуманост, нивната одлука ќе живее преку тие на кои им е дадена нова шанса. Огромна благодарност на семејството на донорот за овој хуман чин, по загуба на нивен член од семејството, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска изразува „огромна благодарност за семејството без чија согласност немаше да биде можно да се извршат овие трансплантации. Зад секоја трансплантација стои човечка приказна. Овој пат е приказна за храброст и дарување живот. Тоа е највисокиот чин на солидарност што едно општество може да го има“.

Воедно се заблагодаруваме на координаторите за трансплантација и сите медицински екипи од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за нефрологија и Институтот за трансфузиологија за нивната посветена и неуморна работа.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

Објавено пред

СДСМ бара за најавата за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување на граѓаните преку локален референдум.

Од партијата посочуваат дека станува збор за сериозно прашање кое се однесува на тоа како државата одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници.

„Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон“, се наведува во соопштението.

СДСМ нагласува дека не е против инвестиции, но дека моделите не смеат да бидат насочени исклучиво кон профитот, со висок ризик по здравјето на граѓаните.

„Не може да се зборува само за економска корист која не е сигурна. А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека доколку државата не може да го реши Лојане, „нема кредибилитет да отвора нови рудници“.

СДСМ бара граѓаните да бидат вклучени во процесот на одлучување преку јавни расправи со реално влијание, локален референдум и учество на стручната и локалната јавност.

Партијата наведува дека за вакви проекти мора да бидат исполнети неколку клучни услови:

Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта, Целосна транспарентност – јавно објавување на договори, економски параметри и студии, Детални информации за фирмите вклучени во проектот, Затворен еколошки систем без испуштање во почва, вода или воздух, Финансиска гаранција однапред обезбедена од инвеститорот, Независен мониторинг со јавни податоци во реално време, Директен локален бенефит за општината и граѓаните, Континуирана здравствена заштита финансирана од инвеститорот.

„Доколку овие услови не се исполнат, тогаш подобро е да нема рудник“, се додава во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Отров за стаорци во бебешка храна: Австрија со итно предупредување, се повлекуваат производи

Во Австрија е пронајдена прва тегла бебешка храна од брендот „Хип“ во која е потврдено присуство на отров за стаорци,...

Забава25 минути

Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон и неговата 22 години помлада сопруга добија дете

Џастин Теру и неговата сопруга Никол Брајдон Блум ја објавија среќната вест во саботата дека станале родители на машко бебе....

Македонија58 минути

СДСМ: Мицкоски намерно не праќа барање за екстрадиција на Груевски

Владата на Христијан Мицкоски намерно го одолговлекува процесот и се уште нема пратено барање за екстрадиција на избеганиот осуденик и...

Македонија1 час

Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку...

Македонија2 часа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

СДСМ бара за најавата за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување...

Свет3 часа

„Го вовлече Трамп во конфликт со Иран“: Харис со остра критика до Нетанјаху

Во говор на настан во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген, поранешната кандидатка за претседателка на САД, Камала Харис изјави...

Свет3 часа

Русија подготвена да го отстрани збогатениот ураниум од Иран

Една од клучните точки на несогласување меѓу САД и Иран се однесува на ураниумот. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека...

Регион3 часа

Бугарија во нов изборен круг: Осми избори за пет години, Радев се смета за фаворит

Бугарите денес излегуваат на осми парламентарни избори во последните пет години, а се очекува коалицијата на поранешниот претседател Румен Радев...

Свет3 часа

„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Израел како голем сојузник, истовремено критикувајќи други, неименувани земји. Во објава на „Трут...