Македонија
Болните од цистична фиброза го потсетија Ковачевски: Рековте лек ќе има за сите
Болните од цистична фиброза се уште го чекаат лекот. Тие ги потсетија надлежните на ветувањата, дека лек ќе има за сите.
Иако беше најавено дека веднаш по изгласувањетот на законските измени во Собранието лекот Трикафта ќе биде достапен за сите, тоа се уште не се случи.
Игор Пехчевски, кој го бараше лекот од болничкиот кревет, го повика премиерот Димитар Ковачевски да постапи веднаш за да не биде предоцна.
„ Она што ние болните од Цистична фиброза го бараме е еднаков, недискриминирачки третман. Право на лек и право на живот❗️ Овозможете ни го лекот трикафта кој за мене и за останатите 80 мои соборци со генот делта F508 (F508del) кои живот значи. Животот ни зависии од лекот.
Со недонесување на лекот ни го ускратувате секој миг, секој момент од животот, ни ги усратувате нашите физички активности кои веќе и не сме во можност да ги извршуваме. Секојдневно живееме во страв и неизвесност за нашата иднина…
Го потсетувам премиерот кој во неговата изјава кажа дека по изгласувањетот на законските измени во Собранието лекот Трикафта ќе биде достапен за сите на кои им е потребен. Почитуван премиере постапете веднаш и сега за да не биде предоцна за секој еден од нас❗️“ напиша Пехчевски на својот Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.