Македонија
Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер
Државна лотарија со задоволство најавува нова сезона од играта за забава и добивки „Бонус online“,во вид на бонус игра за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер коишто своите среќни броеви ги уплаќаат преку веб страната www.loto.mk.
Можноста за учество е веќе отворена и ќе трае заклучно со 19 октомври. Во тек на овој период, секоја седмица, во лото емисијата, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, ќе врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50 00 денари.
Право за учество во бонус играта има секое полнолетно лице коешто во периодот на нејзиното времетраење ќе изврши уплата за игрите на среќа Лото 7 и Џокер преку веб страната www.loto.mk (по претходна регистрација). Од базата на податоци секоја среда, почнувајќи од 1 јуни, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто своите среќни броеви ги уплатил во период – од среда 19:01 часот заклучно со следната среда (до 19:00 часот). Едно неделно коло на бонус играта опфаќа две кола Лото 7/Џокер. За учество во бонус играта доволна е и една онлајн уплата во тек на една седмица, а едно исто лице не може да добие различни ID-броеви доколку повеќепати учествува. Со внимание кон сите правила за безбедно и одговорно приредување на оваа бонус игра, Државна лотарија извлекувањето ќе го реализира по електронски пат со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија. Извлекувањето ќе се одвива во ТВ емисијата, името на извлечениот гостин ќе го видиме на екранот, а истиот ќе биде уредно контактиран врз основа на неговите податоци внесени во апликацијата при регистрација. Нашиот гостин ќе го очекува навистина забавен престој во студиото на Лото 7, дружење и време за паметење и секако добивка до 150 000 денари.
Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50 000, 100 000 или 150 000 денари.
Ги покануваме сите коишто играле и уплаќале Лото 7 и Џокер, а досега не се регистрирани за учество преку страната www.loto.mk, да ја искористат оваа можност со којашто добиваат и комодитет на игра и уплата од дома или од кое било друго место.
Ги покануваме и сите коишто досега воопшто и не размислувале да учествуваат во игрите Лото 7 и Џокер, да ја отворат нашата веб-страна и да си ги отворат можностите за радост и изненадување, со само 20 денари за комбинација и само 5 минути оддвоено време.
Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

