Македонија
Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање патни документи за професионалните возачи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Фото-Транспортери-3.jpg)
На сите транспортери и превозници, кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се овозможува брза лента за да може да ги заменат своите патни документи.
Оваа мерка беше договорена по барање на Министерството за транспорт и врски и здруженијата и асоцијациите на транспортерите и превозниците на Република Северна Македонија, а во соработка со Министерството за внатрешни работи.
Во однос на дозволите, лиценците и изводите од лиценците, Министерството за транспорт и врски навреме ги замени сите потребни документи, што им се потребни на домашните транспортери за непречено одвивање на меѓународниот транспорт.
На денешната регионална средба со транспортерите од Источниот Регион, што се одржа во Штип, се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат транспортните компании во внатрешниот и во меѓународниот транспорт.
На средбата, покрај министерот Бочварски, беа присутни и претставници од Секторот за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски, Билјана Муратовска од Асоцијацијата на транспортерите МАКАМ ТРАНС, Оливера Миовска од Асоцијацијата БЕСТ МОБИЛИТИ – НТА, како и претставници од Управата за јавни приходи и од Царинската управа.
Министерот Бочварски истакна дека транспортот е една од најзначајните гранки, која учествува во домашниот бруто-производ и од тие причини е многу значаен нејзиниот развој и одржливост. Притоа потенцира дека Министерството за транспорт и врски секоја година ги зголемува меѓународните дозволи за транспорт.
„Драго ми е што се собравме сите денеска на оваа регионална средба за да поразговараме за сите отворени прашања во однос на транспортната дејност во земјата. Покажуваме посветеност и даваме поддршка за понатамошен развој на домашниот и меѓународниот транспорт, а доказ за тоа е решението што го изнајдовме за обезбедување брза лента за издавање и менување на патните документи за сите транспортери и превозници што поседуваат сертификати за професионални возачи бидејќи транспортот не смее да застане и економијата мора да продолжи да расте. Министерството за транспорт и врски останува силен партнер на домашните транспортери, продолжуваме заеднички во обезбедување подобри услови за функционирање на транспортната дејност“, изјави министерот Бочварски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.