Македонија
Бојан Јовановски: Јас сум мало бебе во однос на Милески

Обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“, по прикажувањето на ПИ-мерките рече дека снимките и извештаите од МВР покажуваат само една несериозност.Тој негодуваше бидејќи извештаите кои ги читаше обвинителката Вилма Русковска не соодветствувале со снимките кои биле прикажани во судската сала.
На крајот, Јовановски рече: „Јас сум мало бебе во однос на оној кој прв доби куќен притвор”.
„Единствените законски снимки кои се прибавени во овој настан се олицетворение на една груба несериозност, која беше денеска претставена, имавме исчитување на извештаи кои не соодвејствуваа на мониторите на салата. Во однос на потенцирањето за ул. Стрезова, не видовме видеоснимка ниту фотодокументација, бидејќи обвинителката потенцираше дека одам кај Катица Јанева. Се потенцираше ‘Скупи 3’, а тоа е седиштето на ‘1ТВ’, и ‘Варшавска’, каде што е куќата на моите родители. Сакам да кажам дека ова е само моја одбрана. Од ова што го видовме, јас сум само едно мало бебе во однос на оној кој доби прв куќен притвор”, рече Јовановски пред судот.
Адвокатот Дељо Кадиев, бранител на Катица Јанева, рече дека ПИ-мерките немаат доказна вредност.
„Тие не се однесуваат на предмет на обвинение, има разлика во време”, рече Кадиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За еден ден казнети 166 пешаци поради поминување улица надвор од пешачки премин или на црвено светло

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
Притоа, санкционирани се 166 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, пет за минување на црвено светло.
За време на контролата регистрирани се и 111 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, порачаа од МВР.
Македонија
Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 отсто.
Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови, а нивниот број е намален за 8.4 отсто во споредба со истиот период од 2021 година.
Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

„Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде завршиле украдените пари од сметката на ЕВН Електрани и дали завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ?
Како што е веќе познато, дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Мицкоски како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали осомничените работеле по негови инструкции, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ?
Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“.
Соопштение на СДСМ