Македонија
Бојмацалиев: За една година СВР Скопје доби 15 возила, девет интервентни комбиња, шест мотоцикли
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/b648a6e1-743f-40ef-94c9-6088cad47968.jpg)
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работна средба со раководството на Полициска станица од општа надлежност Бит Пазар при СВР Скопје, во рамки на серијата посети на организациските единици при МВР низ државата, со цел увид во досегашните резултати и планирање на идните активности.
„Безбедносната состојба е поволна, со оглед на тоа што станува збор за централно градско подрачје со голема фреквенција на граѓани, а изминатиов период беше проследен со повеќе штрајкови, протестни собири, така што наведените состојби беа дополонително оптоварување во извршувањето на безбедносните задачи од страна на ПС ОН во рамките на ОКР Центар и Бит Пазар и СВР Скопје”, рече Бојмацалиев потенцирајќи ги добрите резултати.
„Како што бев информиран, најмногу внимание му се посветуваше на прашањето и ефикасноста во расветлувњето во кривични дела со НН сторител, посебно кај тешките кражби, а значајни резултати се постигнати и со брзото и ефикасно расветлување по пријавување на прекршоци”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека се очекува законско и професионално работење и во идниот период, додавајќи дека СВР Скопје во 2023 година, односно само за една година доби 15 возила, шест мотоцикли, девет интервентни комбиња, со што сериозно беа подобрени условите во делот на материјално-техничко опремување на полицијата.
„И во оваа прилика, во пресрет на претседателските и парламентарните избори, ги повикав колегите да се придржуваат кон законитоста, стручноста и професионалноста како на превентивно-оперативен, така по потреба и на репресивен план. Императив е да ја гарантираме безбедноста и да го одржиме нивото од претходните изборни циклуси од 2017 наваму”, истакна Бојмацалиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.