Македонија
Бојмацалиев на средба со раководството на СВР Куманово: Намалување од 3,6 отсто на вкупниот криминалитет, зголемена ефикасност од 37,1 отсто
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/7dbce874-498d-4eb9-b50a-e72c8fd4b09b.jpg)
Во СВР Куманово, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна средба со раководството на СВР Куманово и раководствата на одделенијата за внатрешни работи во Крива Паланка и Кратово како прва дестинација во рамките на серијата посети што ќе следуваат овој период во Ссекторите за внатрешни работи во целата држава.
„Од страна на раководството на СВР Куманово бев информиран за постигнатите резултати во 2023 година, а заклучокот е дека параметрите за вкупниот криминал на подрачјето на СВР Куманово кореспондираат со оние на национално рамниште. Безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Куманово, можам да констатирам дека е поволна, без индиции за нарушување”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој ги сподели резултатите на оваа организациона единица .
„Регистрирани се 1.241 кривично дело што споредено со истиот период од минатата година претставува намалување од 3,6 проценти, додека вкупната реализација изнесува 73,2%. Во областа на организираниот криминал имаме зголемување на бројот на откриени кривични дела, каде во 2023 година биле откриени 27 додека во 2022, 16 кривични дела. Во делот на класичниот криминалитет СВР Куманово бележи зголемување на ефикасноста од 37,1%. На мое големо задоволство, 2023 година на подрачјето на СВР Куманово бележиме намалување на бројот на кривични дела кражби за 5,3% и зголемена реализација од 28,6%. Во текот на месец јануари во 2024 година споредбено со истиот период минатата 2023 година имаме намалување на бројот на кривични дела од 2%. Исто така, во областа на отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје имаме зголемување на бројот на откриени кривични дела – 11 додека во 2023 година биле 5, и исто толку поднесени кривични пријави. Во однос на нарушување на јавниот ред и мир, во текот на месец јануари 2024 година во однос на минатата година регистрирано е намалување од 28,8 %“, истакна Бојмацалиев со уверување за силната посветеност да се продолжи со посета на сите сектори за внатрешни работи во целата држава со цел интензивирање на заедничката соработка меѓу разните сектори и единици во рамките на МВР како клучна за успешното спроведување фер, слободни и демократски избори по европски стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.