Македонија
Бојмацалиев: Реконструирани сите полициски објекти на територијата на СВР Куманово, во ОВР Крива Паланка вложени над девет милиони денари

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна посета на Крива Паланка, каде што остварија работна средба со раководствата на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка при СВР Куманово, а ќе ја посетат и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Деве Баир при Регионалниот центар Исток, како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
„Од страна на раководството на ОВР Крива Паланка бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе три месеци од оваа година, a безбедносната состојба ja оценивме поволна на задоволително ниво. Забележителна е ефикасноста од над 70 % во реализација на кривично-правни настани по приватна тужба и по службена должност за периодот 2023 година и 2024 година прво тримесечје“, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа тој потенцира дека на територијата на СВР Куманово сите полициски објекти се реконструирани.
„Во 2021 година беше направена комплетна реконструкција и санација на целиот објект на ОВР Крива Паланка за само два месеца за сума од над 9.000.000 денари средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди, како и заштита на животната средина. Сите полициски објекти во овој реон се реконструирани со вкупен влог од 65 милиони денари, со што уште еднаш докажавме дека задоволна и опремена полиција носи високи резултати и ја гарантира безбедноста на граѓаните и државата“, рече Бојмацалиев.
Воедно, Бојмацалиев потенцира дека и во Крива Паланка оперативниот штаб на МВР за спроведување на изборниот процес функционира редовно, подготвени за гарантирање на безбедноста во насока на фер, слободни и демократски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државата се чека околу 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
„СДС да престане да ја понижува државата“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Одењето со глава во ѕид од страна на СДС, веќе можеме да го приметиме по коментарите од бугарските власти дека уставните измени не се последно нивно барање. Иако секојдневно, од СДС како да не пратат вести и коментари од Бугарија, продолжуваат со нивниот безобразен ПР каде што велат дека со спроведување на уставните измени, влегуваме во ЕУ, а знаеме дека не е воопшто така“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерот за надворешни работи на Бугарија, излезе и кажа дека уставните измени не се последното нивно барање, туку дека ќе има и други.
Знаејќи го ова СДС, ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ, само за да им се допаднат на Бугарите.
Во немањето решение и излез од ситуацијата, СДС само се понижуваше себеси и Македонија како држава. Велеа дека Гоце Делчев е Бугарин, а македонскиот јазик, бугарски.
Затоа, граѓаните ги казнија и јасно им порачаа дека не треба тие да им ја водат државата во бездна. ВМРО-ДПМНЕ гордо и достоинствено ја претставува Македонија на меѓународно поле!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Опожарена површина од околу седум хектари со трска во Охрид

Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.