Македонија
Бубевски за причината за грабнувањето на Вања: Проверуваме дали средствата од станот што го продала мајката се мотив
Откога двајца од осомничените кажале дека информациите за времето и местото кога убиената Вања ќе излезе сама од дома ги добиле од таткото, истрагата се насочила кон него. Обвинителот Гаврил Бубевски вели дека истражуваат дали мотив за грабнувањето на Вања биле средствата од станот што мајката го продала.
„Сега истрагата се насочува во тој правец, сите аспекти што претходно постоеле, ако постоеле. Доколку имаме сознанија дека има од страна на мајката продаден некој стан, а за што сметаме дека средствата од тој стан биле некаков мотив што би требало да биде предмет на евентуалната изнуда, ќе провериме. Сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече обвинителот Бубевски.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, извести дека и таткото на убиената Вања Ѓурчевска е приведен, извршен му е распит и понатаму ќе се преземаат мерки. Првиедени се уште тројца од организираната група, а организаторот избегал првин во Белград, а потоа во Бугарија и по него ќе се распише меѓународна потерница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лековити и ароматични билки, есенцијални масла и едукативни трибини на „Фестивалот на чај“ во Скопје
Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол.
На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.
Орагнизаторите на фестивалот најавуваат и едукативни трибини и катчиња, на кои ќе бидат презентирани македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Учество ќе земат повеќе билни аптеки, а ќе има и природна козметика и пчелни производи.
„Фокусот на фестивалот е автентичноста која ни ја дава природата преку билките, природната медицина – лековитите билки, од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапунчиња, препарати за здрав живот, мевлеми и чајни колачи од билки, шумски плодови, путери и масло од лешници и мармалади. Посебен простор е резервиран за пчелни производи, како природниот мед и козметика од мед и пчелни производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност да добијат и совети за поздрав живот од производителите на чаеви и есенцијални масла од ароматични и лековити билки“, велат организаторите на настанот.
На настанот ќе присуствуваат и претставници од факултетите и институциите.
Македонија
Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да бидат во ЕУ
Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Северна Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.
Известувачот Ваитз рече дека Северна Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.
Вицепремиерот Фетаи го информираше Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.
Тој изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Северна Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.
На крај, вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.
Македонија
Мицкоски по средбите во Будимпешта: Оптимист сум дека мора да нѐ биде и ќе нѐ биде
Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта кадешто вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.
Мицкоски по средбите со европските државници рече дека заедно со членовите на македонската делегација ги презентирале аргументите за нашиот евроинтегративен пат, погледите за економската иднина и економските цели, како и планот за развој на државата.
„Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина којашто ја чувствуваа нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија“, изјави Мицкоски.
Премиерот рече по состанокот со европската политичка заедница во Будимпешта е повеќе оптимист дека мора да не’ биде и ќе не’ биде.
Мицкоски уверува дека Владата ќе даде се’ од себе да ги одбрани националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина.