Македонија
Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/bujar-osmani-ali-ahmeti.jpg)
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, имаше јавно обраќање, во кое ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик- претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство.
„Ве поканувам да ни се придружите на најважниот референдум во тоа време за: Кажете ‘не’ на Русија, ‘да’ на Европа! Ајде да избереме претседател и заменик-претседател со 2/3 од гласовите и двојно мнозинство по Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена што ја бараме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.“, рече Ахмети.
Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка. Оваа одлука на 3 март ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска-Давкова, која поднела план, програма за работа и потребен број потписи на делегати.
Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, исто така ќе се кандидира за претседател, а како што рече, го предложила неговата партија ГРОМ.
Обединетата албанска опозиција застана зад претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.