Контакт

Македонија

Вакцините со погрешен датум и денес забранети за снимање, ќе се уништуваат од понеделник

Објавено пред

„Макфакс“ и денес не доби дозвола да ги сними вакцините со погрешен датум складирани на депото на „Макдонијалек“. За да се расчисти дилемата во јавноста дали вакцините се со истечен рок или навистина, како што уверуваат надлежните, се со неистечен рок на траење, но со погрешно залепени декларации, „Макфакс“ во петокот побара увид во пакувањата што треба да бидат уништени.  Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Ќахил Ибраими, во петокот, не одобри снимање и изјави дека пристап до депото имаат само инспекторите од Агенцијата, а денес се огради од надлежноста врз запленетите вакцини со погрешен датум.

„Дилемата околу роковите е расчистена, рокот на дистрибуираните вакцини не е истечен, се работи за техника грешка во налепниците. Наместо одобрената налепница од МАЛМЕД, која кореспондира со податоците на пакувањето на вакцините, по грешка ‘Македонијалек’ залепила во одреден број на пакувања стари налепници. Доколку сакате лично да се уверите, обратете се во ‘Македонијалек’ каде што нашите инспектори ги скалирале вакцините со погрешна налепница“, изјави денес директорот Ибраими за „Макфакс“.

Од „Македонијалек“ денес, исто како и во петокот, велат дека се известени за барањето за снимање на вакцините, но не се јавија за да одобрат снимање.

Од Дрисла за „Макфакс“ изјавија дека вакцините со погрешен датум ќе стигнат на ред за уништување следната недела, поради дефектот на филтерот на печката за спалување медицински отпад.

„За дефектот поради кој не работи печката испративме допис до ‘Македонијалек’ во кој им укажавме дека дополнително ќе ги известиме кога ќе може да се уништат лековите.  Очекуваме до следниот викенд дефектот да биде поправен и печката да почне со работа од понеделник кога ќе може да се уништат и вакцините“, рече Дијана Велјаноска од „Дрисла“.

Сомнежите за рокот на вакцината во јавноста ги подгреа Агенцијата по најавата дека и покрај неистечениот рок, вакцините ќе се уништуваат. Директорот Ибраими објасни дека уништувањето е согласно со член 106, став 1 точка 5 од Законот за лекови, каде се вели дека лекот се смета за неисправен ако е повлечен од употреба од која било причина. Треба да се уништат 624 кутии на вакцини PIORIX (ПРИОРИКС) од производителот GlaxoSmithKline Biologicals S.A. – Ринсенсарт, Белгија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт11 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет42 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава48 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа55 минути

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт1 час

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт1 час

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...