Македонија
(Видео) Антовски: СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија досега
СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија досега. Регулаторната комисија за енергетика под контрола на СДСМ удри по џебот на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Парите што СДСМ ги потроши за поткуп сега ќе ги враќа во буџетот преку покачени давачки, кои треба да ги плаќаат граѓаните. Домаќинствата во Република Македонија сега ќе треба да го покријат изборниот поткуп на СДСМ. Имено, Регулаторната комисија денеска донесе одлука за покачување на цената на струјата во висина од 7,4 %. Со тоа сметката на струја која досега била 1.500 денари, сега станува 1.600 денари, а сметката од 3.000 станува 3.200 денари.
Ова е поздрав од Заев до граѓаните. Зголемувањето на цената на струјата во време на корона-криза може да го направи власт што се грижи само за себе и за своите интереси, власт на која народот ѝ е на последно место. Регулаторната комисија за енергетика, која ако навистина беше независно тело, а не партиска комисија, ќе знаеше дека обичниот граѓанин едвај го поминува месецот да се прехрани. Секоја зголемена давачка му е товар на буџетот.
Ја прашуваме РКЕ: Затоа ли го одложи носењето на цената на струјата пред изборите за да може сега без жал и одговорност да ја зголеми водејќи сметка само за компаниите, но не и за македонскиот народ. Ова е најголемото покачување на струјата во Република Македонија во изминатите 12 години. За тој период земјата немаше вкупно кумулативно покачување на струјата од 8 %, а сега имаме покачување од 7,4 %. Ова е вистински удар врз џебот на граѓаните и нивниот стандард.
Изговорот на Регулаторната комисија дека ЕЛЕМ и МЕПСО имаат намалени приходи не држат затоа што токму овие две претпријатија беа користени како место за удомување партиски активисти со високи плати непосредно пред изборите бидејќи се вработени повеќе од 1.000 лица. Тоа се работни места што власта ги делеше во трка по гласови, а плата за нив ќе треба да обезбедат 2 милиона граѓани на Република Македонија преку зголемените сметки за струја.
Дополнително, загубите се и поради аздисаноста на власта со тендерите во РЕК „Битола“, каде што вртеа камиони на фирми блиски на Заеви. Ова покачување на струјата денес е резултат на расипничкото владеење на СДСМ во изминатите 3 години. Граѓаните допрва треба да ги плаќаат сметките за хаосот што го причини СДСМ во изминатите години.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита намерата за покачување на струјата затоа што граѓаните не смеат да бидат жртва на лошиот менаџмент на власта, но тие уште еднаш се ставија во функција на СДСМ и на штета на граѓаните донесоа одлука за покачување на струјата. Регулаторната комисија и СДСМ донесоа одлука, која граѓаните ќе ги чини пари, а за некого тоа ќе значи и нарушена егзистенција“, се наведува во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

