Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: Заев брза со законот за ЈО, зашто станува јасно кој бил главата на рекетарскиот октопод

Објавено пред

Зоран Заев, кој коментира сè и сешто во Република Македонија, два дена се крие и се обидува да дефокусира од скандалозното аудио  што беше презентирано во Собранието, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, додавајќи дека самиот факт што Заев молчи, покажува оти тоа што јавноста го слушна е всушност неговиот глас.

„На оваа снимка се слуша како тој објаснува дека знае како се финансирала телевизијата на Боки 13, знаел за сомнителните зделки со бизнисмени со старечки домови преку Меѓународниот сојуз, па дури и признава дека тој и неговата партија го помогнале финансирањето на провладината телевизија, како што самиот милува да каже, со наводни маркетинг-услуги“, потсети партискиот портпарол.

Кажа дека станува збор за огромен скандал и порача оти Русковска и Јовевски не може да останат глуви на целиот скандал.

„Заев очигледно знаел, но молчел, а постои основано сомнение дека ги помагал овие сомнителни дејности на Боки 13 преку кои се изнудувале милионски суми евра за наводно рекламирање. И премолчувањето и помагањето на криминал е кривично дело секаде во светот, а и тука, во Република Македонија“, додаде Арсовски и нагласи дека сега веќе станува јасно кој бил главата на рекетарскиот октопод.

Според него, 12 април е денот од кој Заев панично се плаши и бега, бидејќи по тој ден следи обновата на Македонија, но и одговорноста за целото криминално работење на Заев и владата на СДСМ.

Македонија

Хелсиншки комитет: Не смее да и се даде отказ на работничка за време на бременост

Објавено пред

Бремена работничка побара правна помош од Хелсиншкиот комитет бидејќи работодавачот незаконски и го прекинал работниот однос додека користела боледување.Станува збор за работничка на која непосредно откако го информирала работодавачот дека е бремена ѝ бил откажан договорот за вработување. Работодавачот ѝ го врачил отказот на работничката додека таа била на боледување, со образложение дека неоправдано отсуствувала од работа во претходниот период, што претставува повреда на одредбите на Законот за работни односи. Симптоматично е што работодавачот како причина за отказ наведува наводно отсуство на работничката од работа, а за истото таа никогаш претходно не добила никакви предупредувања, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Случајот бил пријавен во Државниот инспекторат за труд кој по спроведениот вонреден инспекциски надзор утврдил повреда на Законот за работни односи од страна на работодавачот и дискриминација на работничката. Државниот инспекторат за труд со свое решение го укинал решението за прекин на работниот однос на работничката и му наложил на работодавачот да ја врати работничката на работа. Работодавачот постапил по наредбата на Државниот инспекторат на труд и ја врати работничката на нејзиното работно место.

„Бремените работнички уживаат посебна заштита со македонското трудово законодавство. Работодавачот не смее да и го откаже договорот за вработување на работничката за време на бременост, ниту за време на отсуство заради боледување. Доколку работничката сторила потешки прекршувања на договорните обврски, може да и биде откажан договорот за вработување, само по претходна согласност на синдикатот чиј член е работничката или по добиена согласност од Државниот инспекторат за труд.

Овие дејствија на работодавачот претставуваат директна дискриминација врз работничката на основа на нејзиниот пол, род и личен статус и се забранети со Законот за работните односи и Законот за спречување и заштита од дискриминација.Овој случај ја отсликува честата практика на работодавачите да ги дискриминираат жените врз основа на пол, род, лично својство, семејна или брачна состојба и ја потврдува особената ранливост и подложност на дискриминација на бремените жени во областа на вработувањето и работните односи.
Ваквите случаи дополнително ја акцентираат потребата за усогласување на домашното трудово законодавство со она на Европската унија и со стандардите на Меѓународната организација на трудот, се со цел подобра превенција и заштита од дискриминација на жените во областа на вработувањето и работните односи“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Австрија е најголем лобист за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој денеска престојува во работна посета на Република Австрија, оствари средба со министеркате за Европа, Каролине Едштадлер.

„Западниот Балкан се наоѓа во срцето на Европа, опкружен со земји членки на ЕУ. Еден обичен поглед на мапата покажува дека не се работи за проширување, туку за заокружување, финализација на еден процес на обединување на континентот. Само стабилен, безбеден и просперитетен Балкан е силен гарант за стабилна, сигурна и попросперитетна Европа“, истакна Османи, упатувајќи благодарност до Австрија за континуираната поддршка што ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија, како и на целиот регион.

„Новата методологија на преговори предвидува засилен мониторинг и можност за реверзибилност, кој ќе го засили принципот на заслуги при преговорите, што нам, како солиден студент кој ги исполнува реформските обврски, ни одговара. Тоа значи засилени европски интеграции кои носат бенефити за земјите кои напредуваат, и за нивните граѓани, уште при самиот процес на преговори“, истакна Османи.

На средбата Османи реферираше и за последните актуелности во земјава, како што е подготвеноста на државата за спроведување фер, слободни и компетитивни избори, како и за успехот во донесувањето на потребните реформски закони, меѓу кои и законот за ЈО.

„Како земја не само што го исполнивме нашиот дел од обврската, туку и многу повеќе, со што на дело ја демонстриравме нашата автентична реформска определеност и силна поддршка за европската агенда на земјата“, посочи Османи, пренесувајќи ги јасните очекувања во земјата, за вистински напредок во европските интеграции на пролетните самити на ЕУ, преку одлука за почеток на преговорите.

Претходно Османи имаше средба, во Долниот дом на Парламентот, со пратениците  претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка, а во неговата агенда се предвидени и средби и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Снег во Ресен и на Стража

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во Ресен и на планинскиот премин Стража, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Саемот за автомобили во Женева се откажува првпат во 79 години поради коронавирусот

Првпат во 79 години, поради коронавирусот, откажан е саемот за автомобили во Женева, објавија швајцарските медиуми. Голем број други јавни...

Македонија2 часа

Филипче предлага да се забранат сите јавни собири за најмалку седум дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција од вирусот во пресрет...

Регион3 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ3 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија3 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет4 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет4 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет5 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа15 часа

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа15 часа

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион17 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа18 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија19 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија21 час

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија23 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија24 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија24 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија1 ден

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија1 ден

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Досие