Македонија
(Видео) Арсовски: Не смее никој да ги дискриминира невакцинираните или оние што прележале корона
Воведувањето фашизоидни мерки за исполнување лични ега на власта и интереси, само го троши и го тенчи трпението на граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Фашизоидната мерка за дискриминирање на вакцинирани и невацинирани и прележани е класично непознавање на елемнтарните и непочитување на елементарните човекови права од страна на оваа власт. Никој, ама баш никој, нема право дискриминаторски да наложува начин на живеење на едни или други на други граѓани, само затоа што е неспособен да се справи со оваа пандемија која ни се случува.
Тој нагласи дека им кажувале на граѓаните и апелирале дека треба да се вакцинираат, но оние кои што не сакаат да бидат вакцинирани смеат да имаат право на избор, додава Арсовски.
„ Не смее никој да ги дискриминира невакцинираните или оние луѓе што прележале корона и имаат створено антитела, а немаат примено вакцина. Значи со оваа непопуларно-глупава мерка, власта има намера да ги упропасти најголем дел од стопанството и компаниите, да ги дискриминира граѓаните и тука најмногу ќе претрпи угостителскиот сектор, кој што трпи загуби од самиот почеток на пандемијата, единствено заради неспосбноста на власта и тоа трпи загуби до денес, а не добива никаква, ама баш никаква помош од државата“ вели Арсовски.
Очигледно е дека во недостиг на проекти, работа и успеси, според Арсовски, власта додека е на одмори на плажите и организира скапи прослави, сака да го угнетува народот и да го заплашува со ретко глупави и непопуларни мерки.
„ Повторно голем дел од луѓето вработени на пример во угостителскиот сектор ќе треба да бидат бркани од работа доколку не се вакцинирани, бидејќи би било недоветно ако гостите се вакцинирани, а вработените не. Ете тоа е резултат кој би произлегол како резултат на овие мерки на власта. Повторно, фашизоидните мерки на власта која е крајно лицемерна ја носат државата во пропаст“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Интензивирани активности за пролетно уредување и модернизација на јавните површини во Ѓорче Петров
Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.
Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, расчистување на гранки и зелен отпад и нивно соодветно отстранување, темелно чистење на тротоари, рабници и пешачки зони, уредување на паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори.
Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината.
Општината останува целосно посветена на континуирано и одговорно одржување на јавните простори, со јасна визија за модерно, зелено и функционално Ѓорче Петров. Во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план“.
Македонија
Заедно за безбедност: Mozzart донира тактички елеци на Интервентната единица
Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните.
Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи.


„Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови тактички елеци. Интервентната единица секојдневно е на терен и се грижи за јавната безбедност, а нашата компанија имаше можност да даде конкретна поддршка. Соработката ќе продолжи и во иднина,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Во рамки на својата стратегија за општествена одговорност, Mozzart од почетокот на годината реализира повеќе проекти во различни области – од поддршка на кампањата „Ретко е да си редок“, преку организација на бесплатни театарски претстави, до донации за институции од областа на безбедноста. Активностите ќе продолжат и понатаму, опфаќајќи спорт, здравство, екологија и култура.
ПР
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“

