Контакт

Македонија

(Видео) Баздникин: Македонските гласачи не излегоа бидејќи се против одлука што се обидуваат да ја наметнат од надвор

Објавено пред

Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, во интервју за „Спутник“ изјави дека факт е дека референдумот во Македонија е неважечки.

Според него, референдумот како демократска форма на изразување на волјата на граѓаните е во ред. Но, како што истакнува тој, факт е дека на референдумот во Македонија на кој се гласаше за спроведување на договорот со Грција за промена на името на Македонија и членството на земјата во ЕУ и НАТО гласаа само 36,9 отсто од населението.

„Се разбира, ние  многу внимателно го следевме текот и резултатите од референдумот што се одржа во Македонија. Сега веќе е сосема јасно дека македонските гласачи не излегоа бидејќи се против одлуката што се обидуваат да ја наметнат од надвор. Очегледно е дека огромното мнозинство, речиси две третини од граѓаните не сметаат дека договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија е најдобар инструмент за надминување на разликите што постојат околу државното име Македонија”, рече рускиот амбасадор.

Амбасадорот Баздникин додава дека, имајќи предвид дека на референдумот излегоа само 36,9 отсто од гласачите со право на глас, а требаше да излезат 50 отсто плус еден гласач, резултатите од гласањето потврдија дека референдумот е неважечки.

„Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, внимателно го следи процесот на решавање на овој проблем и нашата принципиелна позиција останува непроменета – долгорочното решение може да се најде само кај граѓаните, без наметнување надворешни фактори, строго во рамките на уставно-правниот поредок. Тоа мора да се базира на широка јавна поддршка и мора да биде врз основа на принципите и нормите содржани во Повелбата на Обединетите нации”, додаде тој.

Амбасадорот додава и дека Русија не излегла со какви било  јавни изјави во врска со референдумот, со цел тоа да не се толкува како обид да се влијае на резултатот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска, општина Бутел;

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од булеварот Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од улицата Михаил Чаков, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Објавено пред

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Времето во наредните денови

Во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град. Од петок се очекува постепено стабилизирање на времето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со пиштоли, сокриени во грмушки чекале да убијат возач оти при разминување им се допреле ретровизорите, Обвинителството побара притвор  за двајца браќа 

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид.

„На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на двајца други оштетени. Повод за тоа било претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот со нивните возила, на разминување, се допреле со ретровизорите и започнале вербална расправија. Осомничениот го фатил за врат и му се заканил, но двајца сведоци на настанот успеале да ја смират ситуацијата. Нападнатиот ја зел сопругата од работа и го повикал брат му за да провери дали по истиот пат можат безбедно да се вратат назад. Во близина на местото на првиот инцидент, во една од грмушките, двајцата осомничени браќа со пиштоли ги очекувале да поминат. Првоосомничениот испукал два куршумa, при што го погодил братот на првично нападнатиот во главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, а ги загрозил и другите две лица“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности укажуваат дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го довршат обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени соизвршители

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 минути

(Фото) Секс бомбата наполни 35 години: Таа е жена во чии облини сите уживаат

Моделот Емили Ратајковски наполни 35 години, што беше доволна причина нејзините најлојални обожаватели да посакаат да се потсетат на старите...

Култура5 минути

„Неми слики – жива музика“ – уникатен концерт на гудачки квартет и нем филм во Дебар

На 10 јуни (среда), со почеток во 19.00 часот, во Центарот за култура – Дебар ќе се одржи мултимедијалниот концерт...

Забава8 минути

(Фото/Видео) Дуа Липа и Калум Тарнер рекоа „да“ по втор пат, овој пат на Сицилија

Дуа Липа и Калум Тарнер рекоа „да“ по втор пат, овој пат на Сицилија, и покрај бројните протести од локалните...

Европа15 минути

Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени

Во руски напад врз југоисточниот дел од регионот Запорожје во Украина загинаа пет лица, а 14 се повредени. Гувернерот на...

Свет18 минути

Најмалку десет мигранти загинаа при превртување на брод кај Малта

Најмалку десет лица загинаа откако брод со мигранти се преврте во близина на Малта, потврди италијанската крајбрежна стража. Според властите,...

Свет22 минути

Трамп: Нетанјаху нема да има избор, ќе мора да прифати каков било договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да прифати каков било договор што САД ќе го преговараат...

Забава48 минути

(Фото/Видео) Не може да се одвои од својата девојка: Бред Пит не ги крие своите емоции дури ни пред милиони луѓе

Холивудскиот актер Бред Пит (62) и неговата девојка Инес де Рамон (33) се појавија заедно на женското финале на Ролан...

Култура55 минути

Поетот Христо Петрески освои престистижна награда во Црна Гора

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената...

Македонија58 минути

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците...