Контакт

Македонија

(Видео) Богдановски: Градоначалникот на Сопиште свесно го кочи проектот за водоснабдување

Објавено пред

Според Далибор Богдановски од СДСМ, на неколку километри од Скопје жителитe на општина Сопиште немаат вода за пиење.

За ваквата состојба, според Богдановски, виновна е локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стефче Трпковски.

„Граѓаните од оваа општина, поради неспособноста на градоначалникот, се препуштени сами на себе во 21 век да решаваат елементарни проблеми со купување техничка вода од цистерни за хигиена и вода за пиење. Притоа, за да се донесе таа техничка вода во домовите, неопходни се хидрофори, кои престануваат да работат при прекин на електричната енергија. Притоа никој не знае дали водата е бактериолошки исправна. Поради ова, жителите се изложени и на чести бактериски заболувања“, вели Богдановски.

Додаде дека Стефче Трпковски останал глув и слеп за потребите на своите сограѓани.

„Поради неговиот игнорантски однос, Владата предводена од СДСМ, со средства од државниот буџет, ќе продолжи со изградба на водоводот ‘Патишка Река’, кој претставува трајно решавање на водоснабдувањето во општина Сопиште. Одговорно тврдам дека Владата има обезбедено финансиски средства за реализација на овој проект од круцијална важност за жителите на општина Сопиште“, потенцира тој.

Напомена дека за решавање на случајот недостига еден документ што градоначалникот бил должен да го приложи до Владата, но тој тоа не го сторил.

„Го прашуваме градоначалникот на општина Сопиште зошто чека и до кога мисли да ги замајува своите сограѓани со лаги и дезинформации?“, запраша Богдановски.

Македонија

МОН: Реформите ги правиме во консултација со сите засегнати страни

Објавено пред

Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која што ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Северна Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. Ова беше истакнато на денешниот работен состанок на претставници од министерството за образование и наука кои ги сослушаа барањата на Иницијативата за бојкот на наставата.

Министерството за образование и наука како и за сите останати реформски процеси така и за Законот за учебници консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни. Сепак во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што, тоа не смее да биде причина за бојкот, велат од оваа институција.

„Дигитализацијата на материјалите за учење е дел од промените кои започнуваат од идната учебна година. И таа е глобален процес кој нема и не треба да ја одмине нашата земја. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на креирање на најдобрите решенија кои ќе треба да се интегрираат во системот“, стои во писменото соопштение.

Ова е досегашната практика и начин на работа на МОН, принципи по кои ќе се водиме и во иднина. Затоа што само јавен и широк процес во кој се вклучени сите засегнати страни и експертската јавност, може да резултира со подобар квалитет на националниот образовен систем и со обезбедување повеќе и подобри можности за учениците, студентите, наставниците и професорите.

Потсетуваме дека новото законско решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека истите ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Исто така, преку поставувањето на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, се елиминира веројатноста за појава на грешки од било каква природа, а се воведуваат и содржини од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите и слично. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина, посочуваат од ресорното министерство.

Додаваат дека МОН останува отворена институција за соработка со секој заинтересиран поединец, група, граѓанска организација, здружение со намера да даде конструктивен предлог, идеја или коментар за унапредување на содржината и квалитетот на законското решение, земајќи го во преден план најдобриот интерес на учениците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шахпаска: Со деинституционализација Заводот за рехабилитација Бања Банско ќе овозможи современи социјални услуги

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети Заводот  за заштита и рехабилитација Бања Банско во општина Струмица кој што претставува дел од процесот на деинституционализација започнат со воведувањето на социјалната реформа.

Смислата на процесот  на деинституционализација, истакна министерката Шахпаска е  лицата сместени во институција, вклучително и лицата со попреченост во Заводот Бања Банско, да бидат сместени и да живеат со поддршка преку системот на социјална заштита.

„Трансформацијата на Заводот ќе значи преобразба во еден современ давател на услуги согласно потребите на лицата со попреченост почитувајќи ги одредбите од конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. Тоа значи и дека Заводот за рехабилитација во Бања Банско ќе биде давател на повеќе социјални услуги: рехабилитација и реинтеграција на лицата со попреченост, професионална рехабилитација и вклучување лицата со попреченост на пазарот на трудот, а доколку има потреба, преку Заводот можеме да ја зајакнеме достапноста на услугите лична асистенција и помош и нега во домот за лицата со попреченост. Целта е лицата со попреченост да можат активно да се вклучат во општеството согласно нивните способности и  потреби“, посочи министерката Шахпаска.

Министерството за труд и социјална политика покрај грижата за штитениците, додаде министерката, се грижи и за вработените, кои ќе бидат вклучени како даватели на новите социјални услуги, со помал број на корисници и можност за сопствен професионален развој.

Директорката на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, информираше дека Заводот постои 47 години, време за  кое престојувале околу 300 корисници. Притоа, како дел од процесот на деинституционализација 11 корисници веќе живеат надвор од институцијата, со поддршка, во групни домови односно четири станови во Струмица, една куќа во Добрејци и Миравци.

Министерството за труд и социјална политика го продолжува процесот на деинституционализација кој треба да  одговори на потребите и  барањата на лицата со попреченост , за истите да се чувствуваат како активни чинители во нашето општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Реализирана исплатата на ученички и студентски стипендии за месец мај

Објавено пред

Министерството за образование и наука информира дека е реализирана исплатата на средствата за ученички и студентски стипендии за месец мај 2021 година.

Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг-листа, веќе ги добија средствата на своите сметки.

Практиката на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставена на почетокот на годината ќе продолжи и во следниот период, бидејќи од особена важност е младите навремено да ги добиваат средствата кои ги заслужуваат и кои значат мотив и поддршка во процесот на нивната едукација, стои во писменото соопштение од Министерството за образование.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија3 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа3 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија3 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија5 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион5 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет6 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет6 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет7 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет7 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија19 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија23 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија24 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет1 ден

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Досие