Македонија
Осудените во „Трезор“ ќе треба да ја надоместат штетата во буџетот, која се проценува на 860 илјади евра
Со конфискуваниот имот на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, од која УБК преку ексдиректорот Сашо Мијалков набавувала опрема, ќе се надоместува дел од штетата нанесена врз буџетот на Македонија.
Бидејќи штетата е поголема од конфискуваниот имот, обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ ќе треба во рок од три месеци по правосилноста на пресудата да ја надоместат.
Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.
„Од ‘Финзи’ ДООЕЛ Скопје се конфискуваат парични средства од 838.106 денари и од девизна сметка во износ од 145.619 евра. Двете сметки се во Охридска банка. Од правното лице се конфискува патничко моторно возило ‘ауди А4’, со проценета вредност од 1.026.285 денари. Се задолжуваат обвинетите солидарно да ја надоместат штетата на буџетот на Македонија во износ од 21.158.296 денари, сѐ во рок од три месеци по правосилната пресуда. Обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Тони Јакимовски се задолжуваат солидарно да ја надоместат штетата на буџетот на Македонија во износ од 16.012.520 денари во рок од три месеци од правосилноста на пресудата. Судот појаснува дека по однос на точка 1 на диспозитивот на пресудата, со преземените дејства за правното лице ‘Финзи’ ДООЕЛ Скопје, која надминува вкупен износ од 26.568.276 денари, а за кој износ му нанеле штета на буџетот на Македонија, конфискуван е имот на ‘Финзи’ ДООЕЛ Скопје во износ од 10.819.959 денари. Разликата од 1.158.296 денари ги задолжи обвинетите солидарно да ја надоместат штетата на буџетот на Македонија по однос на точка 1 од диспозитивот на оваа пресуда. По однос на точка 2, обвинетите со преземените дејства прибавиле имотна корист, која надминува значителна вредност од 21.422.500 денари. За разликата од половина од конфискуваниот имот ги задолжи обвинетите да ја надоместат штетата на буџетот“, рече судијката Џенета Бектовиќ.
Инаку, првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство, поради неговото бегство, пресуда е донесена и за поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој доби 15 години затвор. На второобвинетиот, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, изречена му е казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.