Македонија
(Видео) Богојески: Предуслов да се вклучиме во формирање на влада е законот за финансиска лустрација на политичарите

Три предуслови за формирање Влада, финансиска лустрација, пратеници волонтери и измени во изборниот законик, порача Петар Богојески пред прилепчани.
„Влада и парламент може да се формира и без политички пазарења и со делење на функции, туку со принципи и вредности. Влада и Парламент кои пред да се формира ќе ги донесат нужните закони за демократизација на земјата, а прв е законот за финансиска лустрација на политичарите“, им порача предизборниот карван на Македонски концепт на граѓаните на Прилеп, Струмица и Гевгелија, при посетата на Изборната единица 4.
„Единствен начин да докажеме дека не сме сите исти е да станеме дел од парламентот и да покажеме различно поведение и дека со вистински закони може да се формира парламент кој ќе работи за доброто на граѓаните“, истакна Богојески.
„Предуслов да придонесеме и да се вклучиме во формирање на влада и парламентарниот состав е да се донесе законот за финансиска лустрација на политичарите каде што сите политичари ќе бидат подложни на докажување на потекло на имот па откако ќе биде докажано легалното стекнување на имотот, тие ќе добијат можност да бидат министри.
Друг предуслов е донесување на Закон за пратеници волонтери, или народни пратеници како што ги знаат прилепчани, закон со кој пратениците нема да можат да се богатат од патните трошоци така што нема да примаат плата од парламент, нема да патуваат и да наплатуваат патни трошоци, ќе останата во своите живеалишта и законите ќе се донесуваат само еден ден во недела. Со овој наш проект Пратеници волонтери, Парламентот ќе стане институција и вистински народен парламент. Третиот наш предуслов за формирање влада е измени на изборниот законик и прогласување на Република Македонија за една изборна единица, каде што сите ќе биде рамноправни како Законот за финансирање на партиите”, изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, пред граѓаните на Прилеп.
Пораките на Македонски концепт, промоторот Богојески им ги пренесе на граѓаните заедно со носителот на листата од ИЕ 4, Жарко Бошкоски како и другите кандидати за пратеници, запознавајќи ги со предностите на проектите на Македонски концепт и донесување на законите со кои ќе направат промена во државата.
Носителот на Изборната единица 4, Жарко Бошкоски пред своите сограѓани истакна колку е важно да придонесат за промена и дека ова е последната шанса да го направат тоа. “Драги сограѓани ова е последна шанса да сториме нешто за нашата држава, не се ова само празни зборови и декларативни изјави, можам да ви ветам нормална држава со програмата на Македонски концепт, законите за кои се залагаме и проектите кои ги имаме. Гласајте за нас, да направиме нормална држава”, истакна Бошкоски.
„Заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче е поддршка за создавање влада врз вредности и принципи“, им порача Богојески на граѓаните од Прилеп, Струмица и Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението.
Причина за пријавата, како што појаснуваат е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа, фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година. Од „Вреди“ се сомневаат дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 од Кривичен Законик).
„Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да олучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини“.
Бараат Јавното Обвинителство да ги испита овие наводи.
„Дополнително, овие денови високи функционери на ДУИ јавно признаа дека „пописот бил во рамки на договореното“, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција“.
Од „Вреди“ велат дека ја преземаат ваквата иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваат ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага.
„Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“.
Македонија
Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот кај село Луково

Од 12:42 часот, сообраќајот на патниот правец Струга – Дебар кај с.Луково е во прекин во двата правца, поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава државата е драматично поподготвена за пожарите во однос на претходните години. Тој рече дека пожари ќе се гаснат како и досега со армиските и со полициските хеликоптери, како и со авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, чие дополнување ќе бидат приспособените возила, кои досега стоеле во магацините.
„Она што ќе биде новитет е дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТР 70, 80, старите ’хермелини’, ’пинцгауери’ и слично, кои беа во магацините на министерствата за одбрана и за внатрешни работи, се модернизираа, обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи што работат на висок притисок и може да пристапуваат на непристапни терени. Тие се за она што многу ни беше важно, навечер, кога огнот, како што велат, спие, да може да му пристапиме и да го изгаснеме за да не се распламти преку ден. Се подготвуваат и многу бргу од денеска ќе бидете сведоци на една таква показна вежба како од ништо направивме нешто. Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени со соодветен инсталиран волумен за вода до шест кубни метри, шест тона. Очекувам подготвено да ги пречекаме пожарите и мислам дека драматично сме многу поподготвени од претходните години“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Реплек“.
Премиерот извести дека двата авиона за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се тука, а третиот се чека да пристигне од сервис.
ДЗС денес извести дека го надминале и проблемот со недостиг на пилоти за авионите за гаснење пожари со тоа што повторно ги ангажирале двајцата пензионирани пилоти.