Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протест побара оставка од членовите на РКЕ и враќање на старата цена на струјата
Граѓаните и членовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска го реализираа вториот протест против поскапувањето на струјата со блокади на улицата пред Регулаторната комисија, како и булеварот Климент Охридски, кој води до центарот на градот.
Партиските членови на протестот дојдоа со автомобили, на кои наместо таблички имаше транспаренти – „Живот на вересија“, „Заев апаш, тендери лапа“, „Доле влада“ и слично.
На овој начин го искажаа револтот, како што порачаа, од немањето слух од власт, да го слушне граѓанското барање за враќање на старата цена на струјата.
На овој протест порачаа дека покрај враќањето на старата цена на електричната енергија бараат оставка од сите членови на Регулаторната комисија, бидејќи, како што велат, не се независни туку партиски кадри.


„Бараме овие послушници на власта итно да си поднесат оставки и да се донесат професионални и независни кадри кои ќе одлучуваат непристрасно и во согласно со барањата на народот. Нашата битка продолжува, остануваме на улица, затоа што власта очигледно нема слух за граѓанскиот глас. Ќе се бориме со сите демократски алатки што ни стојат на располагање, како и преку институциите, но очигледно Собранието нема капацитет да се собере, каде што можеме да го креме нашиот глас. Затоа продолжуваме од улица. Ги повикуваме и останатите истомисленици, синдикати и обесправени граѓани“, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека продолжуваат со серијата протести за што ќе информираат дополнително.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Три нови битолски училишта ќе добијат фотоволтаици до крајот на учебната година
Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.
Во текот на овие денови се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.
По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.
Со воведувањето на фотоволтаиците се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.
Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во Општина Битола се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 година беа поставени уште девет — три на средни и шест на основни училишта.
Македонија
Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата
В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.
Адвокатот изјави дека оставката не е поврзана со признание на вина, туку со желба да не влијае на истрагата.
„Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на постапката. Ќе докажеме дека Рустеми нема никаква поврзаност со делото“, рече адвокатот.
Според него, постојат докази дека Рустеми презел активности за обезбедување механизација и ресурси, но дека неговите барања не биле одобрени од управниот одбор на претпријатието.
Рустеми и Аки Саити, управител за отпад во претпријатието, добија мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, како и опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.
Македонија
Државната лотарија предупредува: нелегални платформи ги злоупотребуваат името и логото
Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија
Државна лотарија ги повикува сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби, односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени.
Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.
Секоја појава на трета страна, како што се додава, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа.

