Македонија
(Видео) Дескоска: Граѓаните што се сомневаат дека предметите им се распределени на рака да се обратат до судот
Граѓаните што се сомневаат дека нивните предмети во судовите не се распределени електронски, преку АКМИС-системот, туку на рака, за тоа може да се обратат до судовите каде што се водат предметите, рече министерката за правда, Рената Дескоска, на денешниот настан за состојбите со АКМИС-системот во судовите.
„Има граѓани што се обратиле до Министерството за правда. Со оглед на тоа што комисијата кога врши увид, не врши увид на конкретни предмети, туку генерално на функционирањето на системот, ние како Министерство не располагаме со податоци кои предмети биле распределени рачно поименично“, рече Дескоска.
На новинарско прашање за истрагата за злоупотребите со АКМИС-системот во судовите, министерката рече дека побарале извештај од Обвинителството за да биде внесен во извештајот за напредокот во реформите пред Европската комисија.
„Испративме барање до Обвинителството. Дадоа листа на чекори. Не очекувајте чуда преку ноќ. Ниедна истражна и судска постапка не завршува бргу“, рече министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

