Македонија
(Видео) Димитриеска-Кочоска: Втор ТАТ , пропаѓањето на „Еуростандард банка“ е уште еден голем неуспех на власта
Пропаѓањето на „Еуростандард банка“ претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар во банкарскиот и финансискиот сектор, обвини .
„ Се случува ли нов октопод и ТАТ втор дел? Да бидеме на чисто. Државата во услови на корона криза станува неславен рекордер по две работи: првата, станавме единствената земја која во услови на економска и корона криза ја поскапи цената на струјата и втората работа, станавме единствена држава која во вакви негативни услови за земјава дочекува пропаст на банка.
Со ова директно и индиректно засегнати се огромен број на пензионери кои добиваат пензија преку користењето на услугите на банката, луѓе кои добиваат плата, и бизниси кои ги користеле услугите на банката. Со пропаѓањето на банката доведени се во прашање исплатите кон 55 илјади граѓани, од кој над 35 илјади пензионери и речиси 20 илјади приматели на социјална помош.
Со ова на терет на државата во услови на криза се додаваат депозити во износ на 4.4 милијарди денари или околу 70 милиони евра. Дилеми кои се наметнуваат во овој момент се: Што ќе се случи со депозитите на правните и физичките лица?
Загрозени се и лицата кои имаат станбен кредит. Важно е и прашањето што ќе се случува со лицата кои имаат хипотекарен станбен кредит, кои редовно си го исплаќале, дали ќе се активираат хипотеките и ќе се продаваат преку извршители?
Почитувани граѓани, ова ќе создаде хаос во банкарскиот сектор и тоа во услови на корона криза. Проблемот треба да се гледа и по систематски, а особено ако знаеме дека во јавноста кружеа информации дека банката имала проблем уште минатата година, дали кризата влијаела и колку влијаела на пропаѓањето, и ако да зошто ништо не е преземено од страна на државата за спас? Но, власта да одговори и дали сега се преземени сите дејствија за спасување на банката?
Исто така сето ова ќе ја подгрее недовербата кон банките, дали е можна спирално вадење на депозитите од банките и страв од нови банкарски турбуленции. Очигледен факт е дека сето ова ќе предизвика и нестабилност во банкарскиот сектор.
Повторувам, пропаѓањето на Еуро Стандард банка преставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар на бизнисот и на над 55 илјади пензионери и приматели на социјална помош“ додаде .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

