Македонија
(Видео) Заев за пожарот во „Глобал“: Од утре организираме акција за расчистување и за собирање помош

Премиерот Зоран Заев го посети опожарениот трговски центар „Глобал“, каде доцна синоќа изби голем пожар, при што изгореа десетина дуќани и тезги од пазарот. Тој рече дека е направена непоправлива штета, но дека е најдобро тоа што нема човечки жртви.
„ Тоа е најважно, се друго се надместува. Сакам да им заблагодарам на пожарникарите кои направија се за да го спречат огнот. Им благодарам на сите екипи од околните градови кои помогнаа“ рече Заев.
„ На луѓето кои загубија се што граделе сакам да им порачам дека сите ќе помогнат, Владата, општината, бизнис заедницата. Сакам да знаат граѓаните кои загубија се дека од утре организираме акција за расчистување и акција за собирање помош. Ќе направиме се да го вратиме животот во нормала. Сите имоти ќе ги вратиме во нормална состојба“ рече Заев.
Тој повика на солидарност и вклучување на струмичани и на локалните компании.
„ Државата ќе ги види сите механизми за да обезбеди финансиска помош. За мене е предизвик во овој период да покажеме колку сме солидарни. Сите интитуции ќе помогнат, но пред се струмичани и овдешните компании да помогнат да им го вратиме на луѓето она што го ставарале цел живот“ порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Срцева: Пациент со прострелна рана примен на КАРИЛ

Во оваа трагдеија, која се случи во државата, практично функционираме како едно сѐ со цел да им дадеме максимална поддршка и максимално згрижување на сите пациенти. Сметам дека и понатаму концентрацијата нема да опадне и ќе одговориме со исто ниво и подобро од ова што се случува досега, рече директорката на КАРИЛ, Марија Срцева-Јовановски.
Таа извести дека на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) денеска е примен пациент со повреда од огнено оружје
„Во моментот се прават иследувања, состојбата е релативно стабилна и пациентот потоа ќе продолжи со лекување, веројатно на Клиниката за пластична хирургија“, одговори Марија Срцева-Јовановски на новинарското прашање.
Македонија
Емотивна објава на сопругата на Андреј од ДНК: Ангелски глас како тато

Емотивна објава на „Наталија“, сопругата на починатиот пејач од групата ДНК, Андреј Ѓорѓијески, седум дена по неговата смрт.
Таа на социјалната мрежа „Инстаграм“ најпрвин објави приватна фотографија, а потоа напиша:
„Ангелски глас како тато…“
Македонија
МОН: Безбедносните стандарди во училиштата да бидат во фокусот на општините, од денес Државниот просветен инспекторат ќе ги проверува училишните објекти

Министерството за образование и наука извести дека на 20 март се обратило до општините кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти.
Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, кој исто така треба да биде одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување.
Недостигот на било кој документ, подразбира неодложно постапување и зајакнување на сигурноста на учениците за време на престојот во училишните објекти. Обврската се однесува и на училиштата под надлежност на државата, односно основните училишта со ресурсни центри и државните училишта за образование и рехабилитација. Дадена е и насока за редовна проверка на функционалноста на опремата за справување со кризни ситуации и непогоди, како ПП апарати и хидранти, велат од МОН.
Министерството за образование и наука напоменува дека од денес, во рамки на своите надлежности и Државниот просветен инспекторат ќе проверува дали училишните објекти се осигурени.