Контакт

Македонија

(Видео) И големата кашлица го полни џебот на приватните лаборатории, среде епидемија нема термини за тестови на државна сметка

Објавено пред

Додека здравите деца забрзано се вакцинираат за да се заштитат од голема кашлица, родителите на болните деца, исто како и возрасните што се сомневаат дека се заразиле, итаат да направат тест. Големата кашлица ги наполни вакциналните пунктови, ги полни болниците, а последниве две недели почна да ги полни и џебовите на приватните лаборатории оти тест на сметка на државата ретко кој успева да добие.

dobivaj vesti na viber

„Нема термини за тестирање на државна сметка. Преку матичниот лекар не успеавме да најдеме термин за тестирање како осигуреници на Фондот за здравство, но затоа можевме да избираме во која приватна лабораторија да го направиме тестот. Плативме 1.500 денари и за 24 часа добивме резултат. Се покажа дека тестот е позитивен“, вели татко на средношколец од Скопје со голема кашлица.

„Тестовите се кај нас, не можам да кажам бројка, битно е дека има“, Шабан Мемети, директор на ИЈЗ

Единствена државна лабораторија што прави тестови за откривање на бактеријата бордетела пертусис, која ја предизвикува големата кашлица, е Институтот за јавно здравје. Директорот Шабан Мемети вели дека тестови имаат, но не кажува колку.

„Тестовите се кај нас, во нашата лабораторија се прави тестирањето. Пациентите што имаат симптоми нека доаѓаат кај нас. Не можам да кажам колкава е бројката на тестовите со кои располагаме, битно е дека ги имаме“, вели директорот Мемети за „Макфакс“.

Тој не кажа ниту колкава е бројката на досега направени тестови на голема кашлица иако бројот на регистрирани позитивни случаи уредно се бележи во неделените извештаи за состојбата со големата кашлица во земјата. Првиот случај годинава беше регистриран на 5 јануари, а заклучно со 15 февруари, кога е направен последниот пресек, бројката на регистрирани заболени од голема кашлица се искачи на 39.

Од нив, 22 случаја се регистрирани во приватните лаборатории, а 17 во Институтот за јавно здравје.

Повеќе од половина регистрирани заболени со голема кашлица се потврдени во приватни лаборатории

Првата недела од февруари, освен Институтот, позитивни тестови на голема кашлица пријавија Клиничката болница „Аџибадем Систина“, „Авицена“ и Клиниката „Жан Митрев“, а од минатата недела нови заболени пријавија и „Биотек“, „Синлаб“ и „Ремедика“.

За само неколку дена од прогласувањето на епидемијата на голема кашлица во Скопје, лабораториите се организираа и на пациентите им понудија ПЦР-тестови, кои, освен бордетела пертусис за голема кашлица детектираат и други бактерии. За тестирањето, во зависност од понудениот пакет, наплаќаат од 800 денари па нагоре во зависност од избраниот пакет.

Пациентите се жалат дека се доведени во иста ситуација како за тестирањето на коронавирусот кога термини во државните лаборатории немаше или се чекаше со денови, па беа принудени тестирањето го плаќаат во приватните лаборатории.

И тогаш, како и сега со големата кашлица, Институтот за јавно здравје даваше податоци дека поголем број од позитивните случаи се откриваа во приватните лаборатории.

„Макфакс“ побара бројка на тестови на голема кашлица и од Министерството за здравство. И од таму не кажаа конкретна бројка, но укажуваат дека за тестирање не е потребен термин, туку само упат од матичните лекари.

„Институтот за јавно здравје располага со доволен број тестови за детекција на причинителите на големата кашлица (Bordetella pertussis/Bordetella parapertussis/Bordetella bronchiseptica). Поради веќе пријавена епидемија на пертусис во град Скопје и растечкиот број случаи и во другите градови, се организира набавка на дополнителни количини за да има континуитет во лабораториската детекција и потврдување на дијагнозата. Став на Комисијата за заразни болести е тестирањето да се врши во референтна лабораторија, според Законот на јавното здравје – улогата на референтна институција ја врши Институтот за јавно здравје на РСМ и тука се вршат тестирања и за суспектни пациенти од други градови. Матичните лекари може директно да упатуват до лабораторијата на ИЈЗ за тестирање, а ослободени од партиципација се децата под едногодишна возраст“, велат од Министерството за здравство за „Макфакс“.

 

 

Вакцина против голема кашлица може да примат и возрасни, препораките се првенствено за трудниците

 

Истовремено, со полнењето на приватните лаборатории се полнат и вакциналните пунктови. Епидемијата на голема кашлица во Скопје ги наполни пунктовите како ниту една кампања за подигнување на свеста за вакцинирањето досега. Лекарите во вакциналните пунктови воведоа двосменско работење за да излезат во пресрет на енормно зголемениот интерес.

„Голем број родители доаѓаат во Поликлиниката ‘Јане Сандански’ да си ги примат вакцините што ги пропуштиле од икс причини – дали децата биле болни, дали ненамерно ја одложувале вакцината, односно ревакцинацијата, така што дозата е пропуштена и тие сега во поголем број доаѓаат во диспанзерот да си ја примат пропуштената доза. За деца што воопшто не се вакцинирани, првпат доаѓаат да се вакцинираат на возраст од две, три или четири години, тогаш почнуваме со ‘кеч ап’ имунизација. Имаме протокол ‘фати што можеш’, односно надомести ги дозите што недостигаат. Школскиот диспанзер работи прва смена, а за малите деца од 0 до шест години, кои сѐ уште не одат во училиште, ги вакцинираме двосменски, во предучилишна вакцинација“, вели Даниела Марковска, специјалист по семејна медицина во вакциналниот пункт на Поликлиниката „Јане Сандански“.

Освен деца, доктор Марковска посочува дека вакцината за заштита од голема кашлица може да ја примат и возрасни.

„Пертусис-вакцина може да примаат и возрасни. Општа вакцина може да се прими во кој било период од животот, во зависност од тоа за која вакцина се работи. Во соседна Србија веќе е воведена вакцина за возрасни поради тоа што луѓето треба да се свесни дека 100 % заштита нема. Со тек на време таа заштита се намалува“, посочи доктор Марковска.

Препораките за вакцинирање/ревакцинирање против пертусис за возрасни се однесуваат првенствено на трудници во последниот триместар од бременоста, вели проф, д-р Грозданова

Активностите за заштита од големата кашлица, токму врз основа на следењето на состојбите во соседството, но и кај нас, проф, д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација и професорка на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, вели дека почнале уште минатата година. Препораки има и за вакцината за возрасни.

„Во октомври и ноември 2023 година се одржа едукација во однос на инфекцијата со пертусис и следејќи ги состојбите во соседството од комисијата за имунизација беше пратена информација за повикување на децата што имаат пропуштена вакцинација со дитепер-вакцината. Во тек е активна вакцинација на сите деца што имаат пропуштено една или повеќе дози од вакцината. Во однос на вакцинацијата на возрасната популација, препораките за вакцинирање/ревакцинирање против пертусис се однесуваат првенствено на трудниците (во последниот триместар од бременоста) и на возрасните што се изложени на зголемен ризик од инфекција со пертусис“, вели проф. д-р Грозданова.

Пертусис-вакцината за возрасни не е задолжителна и не е во редовниот календар за имунизација. Проф. д-р Грозданова вели дека е достапна само за возрасната популација, која е со зголемен ризик од инфекција со пертусис.

 

Со овој текст „Макфакс“ се приклучува кон иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од британската амбасада.

 

Македонија

„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

Објавено пред

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.

Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.

Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).

dobivaj vesti na viber

Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).

Прикажи повеќе...

Најново

Европа43 минути

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет60 минути

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет1 час

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет1 час

Во Лос Анџелес, луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет2 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија10 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија11 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија14 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија16 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија17 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ18 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија18 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија19 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија19 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија20 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет21 час

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет23 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет23 часа

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија23 часа

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не Ви е малку незгодно што на листата со ВИП-гости Ви беа лица што треба да Ви се на црната листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет1 ден

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 дома без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...