Контакт

Бегството на Груевски

(Видео) Какви бенефити ужива Груевски во Будимпешта

Објавено пред

Осудениот Никола Груевски, по добивањето азил од Унгарија, може слободно да шета на улиците во Будимпешта. Законот за азилот, кој ги утврдува правата и обврските на бегалците, предвидува Груевски да добие документ за лична идентификација, но и двојазичен патен документ со кој ќе може да патува во која било земја што ќе му дозволи влез. Но, напуштањето на Унгарија за Груевски ќе биде опасност бидејќи може да биде уапсен и екстрадиран во Македонија затоа што МВР има активирано меѓународна потерница по него за издржување двегодишната казна затвор. Унгарската легислатива за азил не дозволува бегалците да се враќаат во земјата од која мигрирале, односно Груевски не смее да влезе на македонска територија.

Бегалецот Груевски ќе ги ужива истите права како унгарските државјани.

Право на здравствена заштита, вработување, гласање на избори за градоначалници и локални референдуми се дел од бенефитите што ќе ги ужива експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Тој со добивањето на статусот на азилант ќе мора да оди на медицински прегледи, испитувања, лекарски третмани, да прима вакцини пропишани со Законот за јавното здравство, но и да соработува со Канцеларијата за имиграции и азил.

Македонскиот експремиер ќе има заштита од Унгарија три години, а потоа ќе треба да го обнови статусот на бегалец, а Канцеларијата за имиграција и азил може да одлучи да го повлече статусот на азилант. Како и сите други бегалци што добиле азил во Унгарија, така и Груевски од државата може да добие државно сместување 30 дена, кое моментно не го користи. Тој нема да добива ниту финансиска поддршка од Унгарија, што значи дека ќе мора да работи или да најде друг начин за да ги плаќа тековните трошоци што ги има во земјата каде што сега живее.

По три години непрекинат престој во Унгарија, Груевски ќе може да биде и нејзин државјанин. Овој статус ќе може да го добие ако против него нема постапки што се водат во унгарскиот суд, а истовремено да нема ниту криминално досие во Унгарија. Вториот услов е тој да поседува средства и место за живење, а неговата натурализација да не се смета за закана против јавната политика или национална безбедност на Унгарија. Груевски ќе треба да има основно познавање и на унгарскиот јазик и тоа да го докаже на испит, освен ако овој услов не биде изземен со посебен акт.

Мери Јордановска /Кристијан Ландов

 

Најново

Македонија10 минути

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија42 минути

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт1 час

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија2 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника2 часа

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...

Регион2 часа

Една од моите најтешки ноќи, на патот на пожарот се најдоа многу куќи, туристи и жители, изјави командирот на пожарникарите во Омиш

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново...

Македонија2 часа

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...

Македонија2 часа

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот...