Македонија
(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат концепт и нудат само обнова на режимот
Оваа изборна кампања повторно јасно и прецизно ја покажа разликата меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна, е нашиот концепт што води напред, нашата програма и понуда, нашите решенија за граѓаните, кои се темелни, јасни и целосно разработени. Од другата страна имаме само црнила, без концепт, без визија, само понуда за обнова на режимот, обнова на поделбите, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги потценуваат граѓаните, не ги знаат нивните проблеми, не ги интересираат нивните потреби. Тоа го гледаме во изминатите три години, го гледаме во кампањата, а го гледаме и во нивната изборна програма. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, со која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ толку се фалат, во суштина не е ништо, освен лоша содржина, полна со небулози, нереални проекти и лицемерни и задоцнети ветувања.
ВМРО-ДПМНЕ денес ветува 20.000 евра грантови за млади земјоделци, ветува решавање на долговите на општините, ветува ратификација на Истанбулската конвенција, а сите овие работи се веќе завршени од Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ. Уште еден од многуте докази дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните е нивното ветување за нови концесии за рудници. СДСМ и граѓаните со години се бореа да нема опасни рудници, а ВМРО-ДПМНЕ денес пак ги ветува рудниците на смртта.
За ВМРО-ДПМНЕ, профитот е секогаш пред здравјето на граѓаните, пред заштитата на животната средина. Најлицемерното ветување на ВМРО-ДПМНЕ во нејзината таканаречена обнова е ветувањето за нулта толеранција за корупција и ветувањето за владеење на правото.
Денес, нулта толеранција нуди Мицкоски, кој секојдневно кршеше мерки и забрани за заштита од коронавирусот, го нуди Игор за кого слушаме како ќе тепал жени, ќе убивал луѓе. Владеење на правото – го нуди Милошоски, кој бега од судски доставувачи, и Игор Дурловски, кој предводеше толпа спремна да убие на 27 април во Собранието.
Тоа е нечесна, неискрена и несериозна понуда, тоа е понуда за обнова на режимот. Граѓаните на 15 јули ќе ја дадат вистинската оцена за оваа понуда, за овој пристап на ВМРО-ДПМНЕ. На 15 јули граѓаните масовно ќе застанат зад СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ќе му испорачаат нов пораз на незрелиот Мицкоски и нереформираната ВМРО-ДПМНЕ“, порача Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Иран се соочува со агресија, МНР наместо пддршка да го осуди американско – ционистичкото дивеење, велат од Левица
Политичката партија Левица најостро ја осудува, како што велат од таму, американско-ционистичката агресија врз Иран, вклучително убиството на дел од неговото воено-политичко раководство и масакрите врз цивилното население.
„Ова подивено однесување на екстремно-десничарската администрација на Трамп во соработка со геноцидниот касап Нетањаху претставува флагрантен државен тероризам, газење на меѓународниот поредок, и акт на воена агресија чија цел е дестабилизација на суверена држава и воспоставување на империјална доминација на Блискиот исток. Таквите злосторства против човештвото не можат да поминат неказнети и се директно спротивни на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации“.
Апелираат до МНР и министерот Тимчо Муцунски наместо, како што додаваат, слепа поддршка за оваа дивјачка агресија, да испратат јасна осуда против оваа бесмислена воена агресија со потсетување дека и македонскиот народ во својата историја бил жртва на империјалистичката чизма.
„Република Македонија мора да се позиционира на страната на мирот, суверенитетот и анти-империјалистичката борба, а не да молчи пред злосторствата на суперсилите. Левица останува непоколеблива во својата борба против сите форми на империјалистичка агресија и ќе продолжи да се залага за ослободување на народите ширум светот“
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)

