Македонија
(Видео) КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието
КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања.
На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар Митревски од Факултетот за информациски и комуникациски технологии, Анамарија Крстевска и Анастасија Велевска од Меѓународен Славјански Универзитет, како и на средношколецот Марко Зајков од СОУ „Јане Сандански“.
Посебно внимание привлече доделувањето на стипендијата на Ивана Атанасовска, студентка на Мехатроника при Техничкиот факултет во Битола, која ја започна својата прва година на студии.
„Како добитничка на стипендијата, чувствувам огромна благодарност и мотивација да продолжам да ги истражувам моите интереси во областа на мехатрониката. Студиите на Техничкиот факултет ми нудат можност да се здобијам со напредни знаења и вештини кои ќе ми помогнат да го достигнам својот целосен потенцијал. Стипендијата не е само финансиска поддршка, туку и поттик да продолжам да работам напорно и да ги остварам моите професионални и лични цели, воедно и да се вработам во КС Групацијата,“ изјави студентката Атанасовска.
Програмата за стипендирање на КС Групацијата е дел од долгорочната стратегија за поддршка на образованието и младите таленти во Македонија.
Како дел од своите активности, КС Групацијата активно работи на различни иницијативи кои имаат значително влијание врз општеството. Меѓу нив се спонзорирањето на спортисти и спортски тимови, организирање и поддршката на спортски турнири и настани, како и модернизирањето на училиштата преку обезбедување на современа опрема.
Дополнително, Групацијата вложува во здравството преку донации на медицинска опрема за болници и клиники, како и организирање на крводарителски акции во соработка со Трансфузиологија и Црвениот крст на Битола.
Кампањите за подигнување на здравствената свест со фокус на превентивната заштита, поддршката на уметниците, културните организации и македонската музика, како и менторството на ученици и студенти, се исто така уште еден сегмент кадешто се вложува во унапредување на општеството.
Финансиската директорка на КС Групацијата, Ивона Шурбевска, порача дека поддршката на младите е инвестиција во иднината на општеството.
„Горди сме што преку оваа програма можеме да им помогнеме на талентираните ученици и студенти да ги остварат своите цели. Корпоративното портфолио од хетерогената структура убедени сме дека претставува предност во деловниот свет, каде што на едно место се спојуваат различни интелектуални идеи, искуства и знаења.Брзината на нашиот успех е резултат на нашата посветеност и она што сакаме да го постигнеме.Предизвик не е да се избере најдобрата инвестиција, предизвик е да се избере вистинската.Луѓето пред сѐ, заедно можеме повеќе, е мотото коешто не обединува и води кон заедничките цели, истакна Шурбевска.
Компаниите кои се дел од КС Групацијата и активно придонесуваат кој реализацијата на овие проекти се: “Агроброд“, “Евротип“, “Голд Слот Клуб“, “Голд Фелициа“, “77 Ентертејмент“, “Премиум Сејфти Солушн“ и “77Софт“.
Маркетинг директорката Елена Трајчева упати благодарност до вработените, со посебно признание за нивните неуморни заложби до Благој Наумовски, Ивона Тасевска, Дејан Војводиќ, Магдалена Ристевска, Христијан Брсакоски, Александар Златановски, Билјана Јанчева, Виктор Новков, Стефан Стефановски, Јелена Шутевска и Валентина Серафимовска.
„Без задршка го јакнеме капацитетот на нашата Групација и константно се мотивирани да допринесуваме за нашето општество. Веруваме дека ваквите проекти претставуваат пример за корпоративна општествена одговорност и поттик за сите компании да вложуваат во образованието и младите. КС Групацијата ќе продолжи да работи посветено на создавање можности за младите и да го јакне општествено-економскиот развој на земјата,“ истакна маркетинг директорката Елена Трајчевска.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заедно со останати еминентни личности од државата кои се соработници и поддржувачи на КС Групацијата.
Повеќе информации за програмата за стипендирање и другите активности на Групацијата може да се најдат на веб-страницата: www.ksgroup.mk.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, ќе има и други случаи
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.
„Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба толкава количина за набавка на истите, туку и цените се надвор како што велат правниците правило на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и за осомничениот кој не е достапен на органите на истрагата дека еден ден ќе биде достапен и ќе одговара, бидејќи како што посочи по седум години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување на вистински ремонти туку со шпекулативни во смисла на нестручно и ненавремено.
„Би сакал да напоменам дека на тој начин што се несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и индиректни десетици илјади кои работат во компании кои соработуваат со АД ЕСМ“, рече премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.
„На владина седница одглавивме два проекти, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекти се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен ако направите математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365 дека туку 450 или 500 дена, се побивани законите на физиката и би сакал во доказна постапка ако се отвори случај да ги слушнам кои им се објаснувањата“, рече премиерот Мицкоски.
Македонија
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Има активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Николовски: Растат цените и трошоците за живот, зошто минималната плата не мрда?
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ.
Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот период, истакна Николовски.
Николовски нагласи дека минималната плата не мрдна во изминатите 6 месеци, додека владата предводена од СДСМ ја покачи од 8 на 22.567 денари.
Заводот за статистика евидентираше раст на инфлацијата од 4,3%, синдикалната кошничка во декември е повисока за 840 денари, изнесува близу 63.000 денари, потребни се три минимални плати за нејзино покривање. Секаде во регионот се зголемува минималната плата само кај нас не мрда. Зошто не прифатите да се покачи минималната плата за работниците?, нагласи Николовски.