Контакт

Македонија

(Видео) Лазаров: Намалување на ДДВ за угостителство и туризам од 18 на 10%, неповратна помош за фирмите

Објавено пред

Претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Лазаров, на прес-конференција промовира дополнителен сет мерки и политики кои се дел од преодната стратегија, која, како што рече, ВМРО-ДМПНЕ ќе ја спроведе во првите 100 дена од формирањето на новата Влада за поефикасно справување со здравствено-економската криза во државата.

Тој рече дека мерките се однесуваат на поддршка на приватниот сектор и реалната економија со цел амортизирање на економските последици од кризата и многу поважно јакнење на економските фундаменти на државата.

„ Во таа насока, првиот сет мерки предвидува:
Продолжување на субвенционирањето на плати за вработените во приватниот сектор за месеците јуни и јули во оние компании кои бележат пад на приходите за повеќе од 30% во изминативе два месеца. Дополнително, ќе се разгледа можноста и потребата од продолжување на оваа мерка и за месец август.
Всушност, на овој начин ќе се овозможи зачувување на повеќе работни места кои во моментот се сериозно загрозени поради продлабочување на самата криза.

Целосно ослободување на компаниите од обврската за враќање  средства по основ на мерката за субвенционирање на плати за месеците април и мај независно од финансиските резултати коишто компаниите ќе ги остварат на крајот на годината.
Практично, со ова ослободување ќе се обезбеди сериозен финансиски импулс за компаниите во процесот на целосно ревитализирање на нивните бизнис-активности во периодот по кризата.

На крајот третата мерка во овој сет  мерки се однесува на отворање  нова бескаматна кредитна линија во износ од 10 милиони евра преку Развојната банка на Македонија која ќе биде наменета за поддршка на сите компании кои имаат финансиски проблеми и проблеми со нарушена ликвидност како последица од кризата.
Дополнително, се предвидува сериозна поддршка за секторот туризам и угостителство како сектори кои се најпогодени од кризата.

За таа цел, ќе бидат имплементирани неколку мерки:
Прво, намалување на ДДВ од 18% на 10% за секторите угостителство и туризам, мерка што практично ќе важи до крајот на 2021 година.
Ослободување или намалување на надоместокот за лиценци, такси и дозволи за угостителските субјекти до крајот на 2020 година.
И можеби најзначајната мерка за поддршка на туризмот е субвенционирање на трошоците за одмор во домашните туристички капацитети, во износ до 40% (или во висина до 12.000 денари) за сите граѓани кои остваруваат месечни приходи, односно плата не поголема од 20.000 денари.

Со оваа мерка вистински ќе се поддржи туризмот и домашните туристички капацитети, но истовремено ќе се обезбеди поддршка и за туристичките агенции преку кои ќе може да се прават самите аранжмани.

Понатаму, вториот сет мерки во делот на поддршката на приватниот сектор се однесува на јакнење на конкурентноста на македонската економија со посебен фокус на преработувачката индустрија и извозниот сектор како сектори кои имаат најголем потенцијал за поттикнување на македонската економија и забрзување на економскиот раст и развој на земјата во посткризниот период.

Во таа насока, поддршката за јакнење на конкурентноста на индустријата, предвидуваме:
Поддршка во форма на неповратни грантови за инвестиции во набавка и инсталирање нови машини и опрема;
Поддршка за инвестиции во форма на купување лиценци или франшизи за производство;
Поддршка за инвестиции во градење нови производни линии или подобрување на постоечките производни процеси;
Поддршка за воведување нови бизнис и организациски модели;
Поддршка за воспоставување современи менаџмент системи за квалитет и стандардизација.

Дополнително, предвидуваме поддршка за јакнење на човечките ресурси и инвестиции во човечки капитал во домашните производни компании.
Таа поддршка ќе биде во форма на поддршка на покривање на дел од трошоците за организирање на специјалистички обуки за инженери и технички персонал во производните одделенија, поддршка за менаџерски обуки со цел стекнување нови менаџмент алатки за поефикасно управување на самите компании, како и поддршка за организирање на тренерски и менторски програми со можност за ангажирање  странски консултантни и експерти;

На крај почитувани, не помалку важна е поддршката за извозните компании која е базирана на повеќе конкретни мерки во форма на:
Неповратни грантови за барање нови партнери и пазари; како и за инвестиции поврзани со отпочнување на извозен процес на компании кои немаат претходно извозно искуство;
Реформирање и зајакнување на институционалните капацитети за поддршка на извозот
Реформирање на Развојната Македонска Банка (РМБ) во Македонска извозна и развојна банка која ќе обезбедува поддршка за извозно ориентирани домашни компании
Градење мрежа на извозни промотори кои ќе работат со домашните компании во поддршка на извозот на одделни странски пазари;
Менување на моделот за привлекување на СДИ со таргетирање на конкретни странски компании од одредени сектори кои ќе имаат најголеми потенцијални ефекти за домашната економија. Кога зборуваме за ефекти од странските инвестиции за домашната економија не мислиме само на висината на инвестицијата и бројот на работни места, туку многу повеќе на висината на плати што ќе ги исплаќаат странските компании на домашните вработени и степенот на ангажираност на домашните компании во нивните ланци на снабдување;
Целосно усогласување на царинските стапки на ниво на соодветните стапки на ЕУ за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко-напредни производи. Со тоа ќе се зголеми атрактивноста на земјата за привлекување компании кои произведуваат технолошко напредни производи.

За спроведување на сите овие презентирани мерки за поддршка на приватниот сектор и јакнење на конкурентноста на македонската економија ќе бидат одвоени буџетски средства во износ од 150 до 200 милиони евра“, истакна Лазаров.

Македонија

ХЕРА со апел до изборните кандидати да користат точни информации за сексуалното образование

Објавено пред

Во екот на предвремените парламeнтарни избори, од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, ХЕРА, апелираат до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО).

„Имајќи ја предвид важноста на сеопфатното сексуално образование, но и одговорноста и обврските што произлегуваат од секој јавно кажан збор, го поздравуваме обидот да се актуелизира ССО како тема во јавноста, но апелираме до сите носители и кандидати за јавни функции своите ставови и мислења да ги засноваат на научно докажани факти и сознанија и да консултираат стручна и релеватна литература, како и граѓански организации кои долго време работат на оваа тема“, се наведува во соопштението во кое се додава дека кога веќе кандидатите јавно го препознаваат ССО како важно, да се заложат за негово воведување како изборен предмет во основното и средното образование.

Од ХЕРА појаснуваат дека сеопфатното сексуално образование ги вклучува сите културолошки, психо-социјални и емоционални аспекти на сексуалноста, вклучително и задоволството и сексуалната различност, кои претставуваат основа за развој на здрава и толерантна млада личност.

Преку него, велат од Асоцијацијата, младите се запознаваат со темите како род, врски и односи, тело и слика за телото, сексуално и репродуктивно здравје (ХИВ, сексуално преносливи инфекции, контрацепција), сексуалност и сексуално однесување, насилство и граѓански аспекти.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска во Дебар: За две и пол години ставивме темел на модерна држава

Објавено пред

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вечерва се обрати пред граѓаните на Дебар, каде порача дека она што го направила Владата во изминатите две и пол години, ја исполнува со среќа.

„Ништо од тоа што се случи не ни падна од небо, ништо не ни подарија, се измачивме својски. Изминативе две и пол години реално удиравме темели на една подобра куќа за сите нас и знаете дека таа куќа не се гради ниту за една, ниту за две години, ако не ставиме цврсти темели џабе ќе биде сето друго“, нагласи Шекеринска.

Како што рече заменик претседателката на СДСМ, едниот од тие длабоко поставени темели е членството во НАТО.

„Заедно сме со најмоќните во светот. Таа стабилност нема цена, нема алтернатива“, порача во обраќањето Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Битола се санираат штeтите предизвикани од попладневниот пороен дожд

Објавено пред

Во Битола за само 15-тина минути попладнево наврнале над 40 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави на одредени улици и домови во градот, соопштија локалните власти.

Надлежните служби интервенирале и со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град.

Според информациите од терен, забележани се многу електрични празнења, кои дополнително ги отежнале напорите на службите за враќање на ситуацијата во нормала.

Од општина Битола соопштија дека веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај „Лук Оил“ и улицата „Иван Милутиновиќ“.

Градските власти информираат дека стапиле во контакт со екипите на ЕВН, за постапување по нивните надлежности, а поддршка на терен ќе даде и Дирекцијата за заштита и спасување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет13 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија16 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа17 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија19 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион20 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија20 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа20 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт21 час

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион22 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет24 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет2 дена

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет2 дена

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија2 дена

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 дена

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Досие